Република Алтај

Ова е статија за руска република. За други значења, погл. Алтај (појаснување).

Алтај (рус. Республика Алтай) е автономна република во составот на Руската Федерација.Има површина од 92.600 км2. Има 202.947 жители. Се наоѓа во самиот центар на Азија, каде се спојуваат руската тајга, степите на Казахстан и полупустините на Монголија. Главен град е Горно Алтајск.

Республика Алтай
Алтай Республика
Република Алтај
Знамето на Алтај
Знамето на Алтај
Грбот на Алтај
Грбот на Алтај
ЗнамеГрб
Положба во Русиј
Положба во Русиј
Држава:Русија
Федерален округ:Сибирски
Површина:92.600 км2
Население:202.947 (2002.)
Главен град:Горно Алтајск
Густина на населението:2,2 жит./км2
химна:Алтајски:Алтай Республиканыҥ Гимны

Главниот град Горно Алтајск
Панорама на реката Катун

Шумите покриваат 25% од територијата. Најголеми реки се Катун и Бија. Постојат повеќе од 7.000 езера со вкупна површина од 700 км2. Најголемо е езерото Телецкое, кое е долго 80 километри и 5 километри широко. Најголема длабочина на тоа езеро е 325 метри. Републиката се наоѓа точно внатре во планинскиот систем Алтај. Постојат минерални извори во планинитe Алтај. На Алтај се наоѓаат и многу ледници. Што се однесува на рудното богатство, Република Алтај располага со злато, сребро, литиум, железна руда. На пониските предели климата е умерено континентална.

Население

Традиционална женска народна носија

Населението во републиката чини 203,900 жители. (2005). Густината на населението е: 2,2 жит./км2 (2005), уделот на градското население е: 25,9 % (2005). Според пописот во 2002 во Алтај живеат следниве народи:

НародНаселение, илјади.жит.% од вкупното население
Руси116,557,4
Алтајци62,230,6
Казаци12,16,0
Теленгити2,41,2
Тубалари1,50,8
Украинци1,40,7
Кумандинци0,90,5
Германци0,90,4
Челканци0,80,4
Ерменци0,50,2
Татари0,50,2
Белоруси0,30,1
Азербејџанци0,30,1
останати2,71,4