Религија во Лесото | ||||
---|---|---|---|---|
Религија | Процент | |||
Христијанство | 90 % | |||
Останати | 10 % |
Религијата во Лесото има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Доминантна религија во Лесото е христијанството[1], кое го почитуваат околу 90% од вкупното население и кое припаѓа на различни деноминации.[1][2]. Според CIA Factbook христијаните се околу 80%[3], а останати религии, но во мал процент се Традиционалните религии, исламот, јудаизмот и азиските религии[3].
Протестантите зазимаат 45% од населението во Лесото (евангелисти 26%, додека англикански и други христијански групи зазимаат околу 19%)[1]. Римокатолиците зазимаат 45% од населението[1].
Христијанството пристигнало во Лесото од француските мисионери, на покана на кралот во 1830 година[4]. И покрај тоа што ги поканил христијанските мисионери, тој ја задржал својата традиционална религија и се развел од своите две жени кои го примиле христијанството[4]. Првичните извештаи на француските евангелиски мисионери го навеле канибализмот како дел од традиционалната религија во Лесото. Подоцнежните мисионери ги сметаат овие првични извештаи за неверодостојни и митски[5].
Традиционалната религија може да се следи со археолошките докази од околу 10 век. Тие споделуваат теми со традиционалната религија Цвана. Според тоа, поглаварот на заедницата бил и нивни духовен водач.
|