Револвер

Револвер е пиштол што се врти и што обезбедува повеќе истрели.

Револвер Застава М83/92 9×32 мм R

Историја

Некои од првите верзии, познати како биберници, имале неколку буренца, но на почетокот на XVII век пиштолите биле направени со една вртечка комора, која ги ставала куршумите во едно буренце. Првиот практичен револвер бил дизајниран во 1835 година кога Семјуел Колт ја патентирал својата верзија. Тој воспоставил стандард за цилиндарот со пвеќе ќелии, и секоја последователно ја забравувал во позиција зад буренцето и можела да се испразни со притисок врз чкрапалото. Во „колтовите“, први еднопотезни револвери, цилиндарот ротирал така што чкрапалото се повлекувало рачно. Двопотезните револвери, во кои удирачот е со петле и чкрапалото се повлекува, биле развиени наскоро потоа заедно со метланите куршуми.[1]

Револверот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Револвер“ (Revolver) - музички албум на британската група „Битлси“ (The Beatles) од 1966 година.[2]
  • „Така е кога ќе посегнам по мојот револвер“ (That's When I Reach For My Revolver) - песна на американската рок-група „Мишн оф Бурма“ (Mission of Burma) од 1981 година.[3]
  • „Белокосиот револвер“ - поетска збирка на францускиот писател Андре Бретон од 1932 година.[4]
  • Револвераш“ (англиски: The Shootist) - американски филм од 1976 година, во режија на Дон Сигел.[5]
  • Револверашки“ - француски филм од 1971 година, во режија на Кристијан Жак.

Наводи