Рашид Волис

американски кошаркар

Рашид АбдулШидВолис (роден на 17 септември 1974)[1] — поранешен американски кошаркар, кој играл 16 сезони во Националната кошаркарска асоцијација (НБА).

Рашид Волис
Позицијакрилен центар, центар
Висина2,08 м
Тежина102 кг
Број30, 36
Роден17 септември 1974(1974-09-17)(49 г.)
Филаделфија, Пенсилванија
НационалностСАД САД
ФакултетСеверна Каролина (1995–1997)
Драфт1995 / Рунда: 1 / Пик: 4-ти overall
Избран од Вашингтон Вашингтон Булетс
Проф. кариера1995–2013
Клубови
Како играч:
1995-1996Вашингтон Вашингтон Булетс
1996-2004Портланд Портланд Т. Блејзерс
2004Атланта Атланта Хокс
2004-2009Детроит Детроит Пистонс
2009-2010Бостон Бостон Селтикс
2012-2013Њујорк Никс Њујорк Никс
Како тренер:
2013–2014Детроит Пистонс (асистент)
Репрезентација
Инфо од: 29.11.2016.

Роден во Филаделфија, Вплис играл колеџ кошарка на Универзитетот Северна Каролина пред да стигне во НБА во 1995 година. Првично избран од страна на Вашингтон Булетс (сега познат како Вашингтон Визардс) како четврти пик на НБА Драфтот 1995, Волис бил избран во вториот тим Ол-руки тим во неговата прва сезона. Потоа тој бил трејдуван во Портланд Треилблејзерс по завршувањето на сезоната. Во Портланд тој бил клучен член на тимот на Треилблејзерс што стигнал до финалето на Западната конференција во 1999 и 2000, и бил избран за НБА Ол-стар натпреварите во 2000 и 2001 година. Волис имал најдобри во кариерата во просек 19,4 бода по натпревар во 2002 година за Треилблејзерс.

Во текот на сезоната 2003-2004 Портланд го трејдувале Волис во Атланта каде што тој одиграл само еден натпревар пред да биде трејдуван во Детроит Пистонс. Со Пистонс, Волис го освоил НБА првенството во 2004 година, но го загубил НБА финалето во следната сезона. Поединечно, Волис бил НБА Ол-стар во 2006 и 2008 година. По сезоната 2008-2009, Волис заминал од Пистонс како слободен играч и потпишал со Бостон Селтикс, каде што играл до пензионирањето во 2010 година, за подоцна по двегодишна пауза тој да се врати на паркетот и потпишувајќи едногодишен договор со Њујорк Никс во 2012 година.

Волис во моментов е водечки НБА играч на сите времиња по бројот на направени технички фаули, со 317, што воглавно се должи на неговиот темперамент.[2] Тој исто така, го држи рекордот за најмногу технички грешки во една сезона, кога во сезоната 2000-2001 добил дури 41 техничка грешка во период од 80 натпревари, во просек од околу еден технички фаул на секои два натпревари. Својата кариера ја завршил на 17 април 2013 година.

Титули

НБА статистика на кариерата

Општи податоци

Статистика од 18 декември 2016

  • Бодови: 16,006 (14.4 ппн)[3]
  • Асистенции: 7,404 (6.7 апн)[3]
  • Скокови: 1,460 (1.3 спн)[3]
  • Најмногу бодови на еден натпревар: 42 против Денвер Нагетс (20/2/2001)[4]
  • Најмногу скокови: 18 против Шарлот Хорнетс (1/1/2001)[4]
  • Најмногу асистенции: 8 против Финикс Санс (18/12/2003)[4]
  • Најмногу украдени топки: 6 двапати[4]
  • Најмногу погодени тројки: 9 против Милвоки Бакс (7/2/2009)[4]

Регуларен дел од сезоната

Легенда
  ОНОдиграно натпревари  СН Натпревари како стартер МПН Минути по натпревари
 ПШИ% Процент на шут од игра 3П% Процент на шут за три бода СФ% Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН Скокови по натпревар AсПН Асистенции по натпревар УТПН Украдени топки по натпревар
 БлПН Блокади по натпревар ППН Поени по натпревар Задебелено Најдобро во кариерата
Ја означува сезона во која Волис ја освоил титулата во НБА
ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
1995-1996 Вашингтон655127.5.487.329.6504.71.30.60.810.1
1996-1997 Портланд625630.5.558.273.6386.81.20.81.015.1
1997-1998 Портланд777737.6.533.205.6626.22.51.01.114.6
1998-1999 Портланд491828.9.508.419.7324.91.21.01.112.8
1999-2000 Портланд817735.1.519.160.7047.01.81.11.316.4
2000-2001 Портланд777538.2.501.321.7667.82.81.21.819.2
2001-2002 Портланд797937.5.469.360.7348.21.91.31.319.3
2002-2003 Портланд747436.3.471.358.7357.42.10.91.018.1
2003-2004 Портланд454437.2.442.341.7426.62.50.81.617.0
2003-2004 Атланта1142.0.333.1671.0006.02.01.05.020.0
2003-2004 Детроит222130.6.431.319.7047.01.81.12.013.7
2004-2005 Детроит797934.0.440.318.6978.21.80.81.514.5
2005-2006 Детроит808034.8.430.357.7436.82.31.01.615.1
2006-2007 Детроит757232.3.423.351.7887.21.71.01.612.3
2007-2008 Детроит777630.5.432.356.7676.61.81.21.712.7
2008-2009 Детроит666332.2.419.354.7727.41.40.91.312.0
2009-2010 Бостон791322.5.409.283.7684.11.01.00.99.0
2012-2013 Њујорк21014.1.387.319.7004.00.30.60.77.0
Кариера110995632.7.467.336.7216.71.81.01.314.4
Ол-стар4019.3.250.100.7503.80.51.00.84.0

Плејоф

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
1997 Портланд4437.0.589.400.5506.01.50.50.519.8
1998 Портланд4439.3.489.800.5004.82.80.50.514.5
1999 Портланд131336.0.514.111.7244.81.51.50.814.8
2000 Портланд161637.8.489.615.7736.41.80.91.317.9
2001 Портланд3342.7.373.364.5718.02.30.31.016.7
2002 Портланд3341.7.406.412.81312.31.70.70.725.3
2003 Портланд7737.1.454.400.7145.12.60.60.717.4
2004 Детроит232334.9.413.243.7677.81.60.62.013.0
2005 Детроит252533.0.439.337.7416.91.31.01.813.6
2006 Детроит181834.9.430.405.5276.31.80.60.814.1
2007 Детроит161635.8.437.347.8427.71.81.21.814.3
2008 Детроит171734.4.424.320.7446.41.61.11.913.2
2009 Детроит4430.5.367.500.0006.30.80.50.36.5
2010 Бостон24117.1.416.345.8283.00.40.40.66.1
Кариера17715433.0.444.352.7176.21.50.81.313.5

Наводи

Надворешни врски