Рафаил II Цариградски
- Страница
- Разговор
Неофит III Цариградски | |
---|---|
Вселенски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Ракоположен | март 1603 |
Службата завршила | октомври 1607 |
Редови | |
Чин | патријарх |
Лични податоци | |
Роден | ? Атина |
Починал | ? |
Претх. служба | митимнски митрополит |
Рафаил II — грчки духовник и вселенски патријарх од 1603 до 1607 г.[1]
Владикувал како митимнски митрополит, па во март 1603 г. е избран за вселенски патријарх.[2] Се зафатил за уредување на многу црковни работи и издал бројни посланија. Судирите со неговиот претходник, Неофит II, предизвикале многу проблеми во црквата. Александрискиот патријарх Кирил II (Кирил Лукарис) во писмо до ираклискиот митрополит Дионисиј, напишал дела „... Рафаил владееше со Патријаршијата како тиранин повеќе од четри години ...“.
Рафаил пројавувал интерес за повторно обединување со Католичката црква и водел тајни преписки со папата.[3] Останал на престолот до октомври 1607 г., кога бил принудно симнат од султанот Ахмед I и доживеал насилна смрт во прогонство.
Претходник Матеј II | Цариградски патријарх 1636-1637 | Наследник Матеј II |