Ранофламанско сликарство

Историја на холандското и фламанското сликарство
Ранофламанско  (1400 – 1500)
Ренесансно сликарство  (1500 – 1584)
Златно време  (1584 – 1702)
Листа на холандски сликари
Листа на фламански сликари

Ранофламанско сликарство или фламанска примитива (употр. во холандски и шпански) — израз кој означува група на сликари активни главно во Ниските Земји во XV и раниот XVI век. Периодот започнува околу времето на Хуберт ван Ејк и завршува со Герард Давид. Овие сликари биле олицетворение истовремено на средниот век и преодот кон ренесансата.

„Портрет на Арнолфините“ од Јан ван Ејк, Национална галерија, Лондон.

Овој период е паралелен на Италијанската ренесанса, но стилски е различен. Обично се вели дека ова е раноренесансно или доцноготско сликарство.

Поврзаност со италијанската рененсанса

Овој нов стил се јавил во Фландрија речиси истовремено со италијанската ренесанса. Мјасторите на овој стил биле многу почитувани во Италија, и веројатно имале поголемо влијание врз италијанската уметност отколку обратно. Ренесансата не вршела некакво значајно влијание на северот пред 1500. Меѓутоа, додека во Италија гледаме радикални промени во архитектурата, скулптурата и фиолсофијата, револуцијата во Фландрија била ограничена само на сликарството. За сликарството во периодот помеѓу 1500 и пред Осумдесетгодишната војна, видете Холандско-фламанско ренесансно сликарство

Список на сликари

Гентски олтар: „Поклонението на Таинствениот Агнец“ - укажува на сè уште големата важност на средновековните елементи.
  • Алберт ван Ауватер (1444-1515)
  • Дирк Баутс (~ 1400/1415-1475)
  • Јероним Бос (~ 1450 - 1516) - современик на ранофламанската школа, чиј стил е радикално различен и уникатен.
  • Јос ван Васенхове наречен и Јустус Гентски (~ 1410-1480)
  • Рогир ван дер Вејден (~ 1400-1464)
  • Хуго ван дер Гус (1440-1482)
  • Герард Давид (~ 1455-1523)
  • Жак Даре (~ 1404-1470)
  • Јан ван Ејк (~ 13851441)
  • Хуберт ван Ејк (~ 13661426)
  • Јан Јуст ван Калкар (~ 1450 - 1519)
  • Робер Кампен, наречен и Флемалски мајстор (13781444)
  • Петрус Кристус (~ 1410/1420-1475/1476)
  • Браќа Лимбург (1385-1416)
  • Мајстор на легендата за Св. Луција (1480-1510)
  • Мајстор на извезените лисја (активен ~ 1480-1510)
  • Симон Маримион (~ 1425-1489)
  • Ханс Мелминг (~ 1430-1494)
  • Муленски мајстор (активен 1480-1500) - некаде именуван Жан Хеј
  • Гертген тот Синт Јанс (~ 14601490)
  • Хуан де Фландес (~ 1460-~ 1519) - роден во Фландрија, активен во Шпанија

Поврзано

Надворешни врски