Радеберг

Радеберг (германски: Radeberg) — мал град, кој се наоѓа 20 километри североисточно од Дрезден во Саксонија, Германија. Компанијата Elektronik Radeberg GmbH, порано добро позната во Источна Германија за производство на телевизори се наоѓа во градот.

Радеберг
Поглед на Радеберг
Поглед на Радеберг
Поглед на Радеберг
Грб на Радеберг
Радеберг во рамките на Германија
Радеберг
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаСаксонија
ОкругБауцен
Градски единици5
ГрадоначалникГерхард Лем (СДП)
Основни податоци
Површина30 км2
Надм. височина250 м
Население18.597 (31 декември 2020)[1]
 - Густина620 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.BZ
Пошт. бр.01454
Повик. бр.03528
Порталwww.radeberg.de
Местоположба на градот Радеберг во рамките на округот Бауцен
Карта
Карта
Координати51°7′N 13°55′E / 51.117° СГШ; 13.917° ИГД / 51.117; 13.917

Градот има евангелистичка и римокатоличка црква и стар замок. Неговите главни индустрии се производство на стакло, машини, мебел и хартија и произведува, исто така, и пиво, кое главно се извезува.

Историја

Радеберг бил спомнат за првпат во 1219, кога фармерите се населиле во округот од поголемиот Редер. Името на местото веројатно е изведено од оваа реката. Во помалку од 150 години се развил како пазарно место, замок и сопствени единици.

Пред 500 години било пронајдено сребро близу градот. Меѓутоа, рудата била брзо ископана.

Пиварница Радеберг

Пиварницата Радеберг била основана во 1872 и е дел од Oetker Group.[2] Го произведува Radeberger Pilsner,[3], 4,8 процентно светло пиво.

Наводи

Надворешни врски