Пјаца Навона
Пјаца Навона (италијански: Piazza Navona) е плоштад во Рим. Плоштадот е направен според план на Римски циркус, 1-во вековниот Стадион на Домицијан[1], каде Римјаните доаѓале да гледаат агони („игри“): денешното име настанало со искривоколчување на изразот во агонија, во nagone и navona, што на Италијански значи „голем број“.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b1/Rzym_Fontanna_Czterech_Rzek.jpg/220px-Rzym_Fontanna_Czterech_Rzek.jpg)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/25/Piazza_Navona_1.jpg/220px-Piazza_Navona_1.jpg)
Дефиниран како плоштад во последните години на 15-от век, кога градскиот пазар бил префрлен овде од Кампидољо, Пјаца Навона денес е гордост на барокен Рим. Има скулптури и архитектонски дела од: Џан Лоренцо Бернини, познатата Фонтана на четирите реки, 1651) во средината; Франческо Боромини и Џироламо Рајналди, црквата Света Агнеса во Агонија; и од Пјетро да Кортона, кој ја насликал галеријата во палатата Пампиљ.
Традиционалниот пазар во 1869 бил преместен во Кампо де Фјори, но плоштадот е исто така традиционален домаќин на театарски и куклени претстави, трки на коњи, двобои на витези. Од 1652, секоја сабота и недела во август, плоштадот се претворал во езеро за да се слави фамилијата Пампиљ. Прославата била прекината во 1866.
Пјаца Навона содржи уште две фонтани на Џакомо дела Порта — Нептуновата фонтана (Fontana di Nettuno) од (1574), сместена во северниот дел на Пјаца Навона, и Фонтана на Маварот (Fontana del Moro) од (1576), сместена во јужниот дел на плоштадот.
Други споменици на плоштадот се:
- Палатата на Купис (Palazzo de Cupis)
- Палатата Торес Масимо Ланчелоти (Palazzo Torres Massimo Lancellotti)
- Црквата „Богородица на Светото срце“ Nostra Signora del Sacro Cuore
- Палатата Браши (Музеј на Рим) Palazzo Braschi (Museo di Roma)
Наводи
Надворешни врски
- Navona Square
- Piazza Navona
- Fountain of Neptune Архивирано на 6 март 2009 г.
- Moor Fountain Архивирано на 20 јуни 2008 г.
- Photo of night to Navona Square and Fountain of Neptune Архивирано на 4 март 2016 г.
- Minosh Photography Архивирано на 11 март 2007 г.
- Virtual Tour of Piazza Navona Архивирано на 15 мај 2006 г.