Псевдомонади

Псевдомонадите (научно: Pseudomonadaceae) образуваат фамилија на протеобактерии во која припаѓаат родовите Azomonas, Azomonotrichon, Azorhizophilus, Azotobacter, Cellvibrio, Mesophilobacter, Pseudomonas (типниот род), Rhizobacter, Rugamonas и Serpens [1][2]. Од неодамна, фамилијата Azotobacteriaceae е опишана како составен дел на оваа фамилија.[3]

Колонии од Pseudomonas aeruginosa на агарна плоча.

Псевдомонада буквално знали "лажна единица", од грчкото псевдо (ψευδο 'лажно') и монас (μονος 'една единка'). Поимот "монада" се користел порано во микробиологијата за означување на едноклеточните организми. Поради нивното широко распространување во природата, псевдомонадите се набљудувани мошне рано во историјата на микробиологијата. Генеричкото име Pseudomonas е создадено 1894 за грамнегативни, стапчести и поларно-флагелатни бактерии. Подоцна се вклучени голем број на видови во овој род. Псевдомонадите се изолирани од многу природни ниши.

Pseudomonas aeruginosa сè повеќе се опишува како опортунистички патоген со клиничко значење. Истражувањата укажуваат и на појавата на отпорност на антибиотици кај овој вид.[4].

Дијагностички одлики

  • Оксидаза позитивни - како резултат на присуството на ензимот цитохром с оксидаза;
  • Неферментативни;
  • Многу видови ја метаболизираат гликозата по Ентнер Дудороф патот со помош на ензимите 6 фосфоглицералдехид дехидрогеназа и алдолаза;
  • Поларна флагелираност што овозможува движење;
  • Многу членови произведуваат деривати на флуоресцентниот пигмент пиовердин.[5]

Присуството на оксидаза, поларни флагелуми и неможноста за ферментација ги разликува псевдомонадите од ентеробактериите.[6].

Наводи