Пријателски натпревар

Пријателски натпревар или Пријателска е спортски настан - во екипните спортови - за кои не се доделуваат бодови.[1]

Слика од пријателски натпревар во фудбал.

Дефиниција

Статистичките податоци за пријателскитe натпревар меѓу клубови (конечен резултат, присуство на играчи и резултати) немаат - обично - официјална вредност.[2] Ова се должи на фактот што екипите ги планираат пријателските натпревари во претсезонскиот период, односно пред официјално да почне сезоната, со цел да се подготоват за стартот на сезоната и да тренираат.[3][4]

За разлика од клубовите, пријателските натпревари на репрезентациите се поважни, бидејќи тие имаат поинтензивен распоред од клубовите.[5] За овие селекции, овие натпревари се користат за подготовка за меѓународни турнири.[6][7][8] Календарот обично ги опфаќа овие натпревари кога играчите се на одмор од својте клубови.[9]

Правила

Поради неофицијалниот карактер, пријателскиот натпревар може да има различен правилник од другите натпревари.[10] Во фудбалот - на пример - дозволено е да се направат поголем број на замени на место вообичаено дозволените три.[11]

Исто така во фудбалот, календарот на ФИФА точно одредува кои датуми се наменети за меѓународни пријателски.

Поединечни спортови

Иако е типично за колективните спортови, пријателскиот натпревар е исто така присутен и во поединечните спортови каде што е познат под името "егзибиција": ова се случува, меѓу другите дисциплини, во бокс и други боречки спортови, потоа во тенис итн.

Наводи