Прицкерова награда

Прицкерова награда за архитектура (англиски: Pritzker Architecture Prize) — награда што се доделува секоја година од задолжбината „Хајат“ во признание за „жив архитект чии изградени дела покажуваат спој од талент, визија и посветеност, чии дела даваат постојан и значаен придонес кон човештвото и изградената околина со својата архитектурата како уметност.“[1]

Прицкерова награда за архитектура
Лице на медалот
Опискариера што бележи достигнувања во архитектурата
Покровителзадолжбина „Хајат“
ДржаваСоединети Американски Држави Уреди на Википодатоците
Награда/и100.000 долари
Прво
доделување
1979
Последно
доделување
2024
Мрежно местоpritzkerprize.com

Наградата ја вовел претприемачот Џеј Прицкер во 1979 г. а денес за неа е одговорно семејството Прицкер.[2][3] Ова е водечката награда за архитектура во светот. Таа се доделува „без оглед на националност, расна припадност, вероисповед или идеологија.“

Дел од критериумот за доделување на наградата е иновативниот квалитет на архитектот, како и како и префинетоста на архитектонската мисла со која се остварени делата. Своја улога играат и придонесите кон интеграцијата на добрата употреба на градежна технологија.

Добитникот на наградата прима 100.000 американски долари, но уште поважна е светската слава и понатамошниот интерес од важни клиенти. Прицкеровата награда се смета и за нешто како „Нобелова награда за архитектура.“

Во Скопје постојат низа архитектонски дела од Прицкеровиот лауреат Кензо Танге.

Лауреати

ГодинаЛауреатНационалностПример (год.)Наводи
1979Џонсон, ФилипФилип Џонсон  САД Стаклена куќа (1949)[4]
1980Бараган, ЛуисЛуис Бараган  МексикоСателитски кули (1957)[3]
1981Стерлинг, ЏејмсЏејмс Стерлинг  Обединето Кралство Историска библиотека Сили (1968)[5]
1982Роуч, КевинКевин Роуч  САД Зграда на Колумбовите Витези (1969)[2]
1983Пеј, И. М.И. М. Пеј  САД Национална уметничка галерија, Источна зграда (1978)[6]
1984Мајер, РичардРичард Мајер  САД Музеј на уметност Хај (1983)[2]
1985Холајн, ХансХанс Холајн  Австралија Музеј Абтајберг (1982)[2]
1986Бем, ГотфридГотфрид Бем  Западна Германија Библиотека на младинскиот центар Иглезија (1968)[2]
1987Танге, КензоКензо Танге  Јапонија катедрала Пресвета Богородица (1964)[7]
1988Баншафт, ГордонГордон Баншафт  САД Библиотека на ретки книги и ракописи Бејнеке (1963)[2]
1988Нимаер, ОскарОскар Нимаер  Бразил Катедрала на Бразилија (1958)[2]
1989Гери, ФренкФренк Гери  Канада
 САД
Концертна сала „Волт Дизни“ (1999–2003)
1990Роси, АлдоАлдо Роси  Италија Музеј Бонефантен (1990)[8]
1991Вентури, РобертРоберт Вентури  САД Национална галерија (Лондон), Сејнзбериево крило (1991)[9]
1992Сиза, АлвароАлваро Сиза  Португалија Португалски павилјон на Експо'98 (1998)[10]
1993Маки, ФумихикоФумихико Маки  Јапонија Токиска гимнастичка сала (1991)[7]
1994де Порцампарк, КристијанКристијан де Порцампарк  Франција Француска амбасада, Берлин (2003)[11]
1995Андо, ТадаоТадао Андо  Јапонија Собирен центар Нагарагава (1995)[12]
1996Монео, РафаелРафаел Монео  Шпанија Палата Курзал (1999)[13]
1997Фен, СвереСвере Фен  Норвешка Норвешки леднички музеј (1991)[14]
1998Пијано, РенцоРенцо Пијано  ИталијаМеѓународен аеродром Кансај (1994)[15]
1999Фостер, НорманНорман Фостер  Обединето Кралство Милениумски мост (Лондон) (2000)[13]
2000Колхас, РемРем Колхас  Холандија Амбасада на Холандија во Берлин (2003)[16]
2001Херцог и де Мерон  Швајцарија Тејт Модерн (2000)[17]
2002Маркат, ГленГлен Маркат  АвстралијаБереареа Вотерс Ин (1983)[18]
2003Уцон, ЈернЈерн Уцон  Данска Сиднејска опера (1973)[19]
2004Хадид, ЗахаЗаха Хадид  Обединето Кралство
 Ирак
Павилјон Мост (2008)
2005Мејн, ТомТом Мејн  САД Санфранциска федерална зграда (2007)[20]
2006да Роша, Пауло МендесПауло Мендес да Роша  БразилСтадион Сера Доурада (1975)[21]
2007Роџерс, РичардРичард Роџерс  Обединето Кралство Лојдова зграда (1986)[22]
2008Нувел, ЖанЖан Нувел  Франција Торе Агбар (2005)[13]
2009Цумтор, ПетерПетер Цумтор  Швајцарија Валски бањи (1996)[13]
2010Сеџима, КазујоКазујо Сеџима и
Рјуе Нишизава (SANAA)
 Јапонија Музеј на уметноста на XXI век, Каназава (2003)[13]
2011Мoура, Едуардо Соуто деЕдуардо Соуто де Мoура  Португалија Градски стадион, Брага (2004)[23]
2012Шу, ВангВанг Шу  Кина Музеј на Нингбо, Нингбо (2008)[24]
2013Ито, ТојоТојо Ито  Јапонија „Сендајска Медијатека“, Сендај (2001)[25][26]
2014Бан, ШигеруШигеру Бан  Јапонија Центар Помпиду-Мец, Мец (2010)[27]
2015Ото, ФрајФрај Ото  Германија Олимписки стадион, Минхен (1972)[28][29][†]
2016Аравена, АлехандроАлехандро Аравена  Чиле Сијамски кули, Папски католички универзитет на Чиле (2005)[30][31]
2017Рафаел Аранда, Карме Пихем и Рамон Вилалта („РЦР Архитектс“)  Шпанија Библиотека „Сан Антони“, Барселона (2008)[32]
2018Доши, Балкришна ВиталдасБалкришна Виталдас Доши  Индија Индиски институт за деловно раководство, Бангалор[33]
2019Исозаки, АратаАрата Исозаки  Јапонија Кула на уметноста во Мито (1990)[34]
2020Фарек, ИвонИвон Фарек и Макнамара, ШелиШели Макнамара  Ирска Графтонска зграда на Универзитетот „Бокони“ (2007)[35]
2021Лакатон, АнАн Лакатон и Васал, Жан-ФилипЖан-Филип Васал  Франција Национална архитектонска школа во Нант (2009)[36]
2022Кере, Диебедо ФрансисДиебедо Франсис Кере  Буркина Фасо
 Германија
Центар за земјена архитектура во Мопти, Мали (2010)[37]
2023Чиперфилд, ДејвидДејвид Чиперфилд  Обединето Кралство Нов музеј, Берлин (1997–2009)[38]
2024Рикен ЈамамотоЈапонија Уметнички музеј Јокосука, Канагава, Јапонија (2007)

Белешки

Посмртна награда.

Поврзано

  • Список на награди за архитектура

Наводи

Поврзано

Надворешни врски