Примера Дивисион (Аргентина)

Примера Дивисион Аргентина или само Примера Дивисион (шпански: Primera División de Argentina) - е професионална фудбалска лига во Аргентина, и моментално највисокото ниво на таа земја.

Примера Дивисион
ЗемјаАргентина Аргентина
КонфедерацијаКОНМЕБОЛ
Основана1891
Број на клубови26
Нивоа на пирамида1
Испаѓање воПримера Насионал (втора лига)
Домашен купКуп на Аргентина
Лига куп на Аргентина
Тековен првакРивер Плејт Ривер Плејт (37. титула)
(2021)
Најмногу титулиРивер Плејт Ривер Плејт
(37 титули)
ТВ партнериESPN Premium
TNT Sports
Мрежно местоМрежно место
Примера Дивисион (Аргентина) 2022

Првенството од настанувањето во 1891 до 2017 го организирал Фудбалскиот сојуз на Аргентина (АФА).[1] Од 2017 до 2020 година, првенството го организирала организацијата „Суперлига Аргентина” па и самото првенство го носело името Суперлига на Аргентина,[2] а од 2020 година, АФА одново управува со првенството.[3]

Првото првенство било одржано во 1891 година,[4] со што Аргентина станала првата земја вон Обединетото Кралство, која воспоставила фудбалска лига.[5] Во раните години, само клубовите од Буенос Аирес и Росарио биле придружени во националниот сојуз.[6] Клубовите од другите градови се придружиле подоцна.

Лигата станала професионална во 1931 година, кога 18 клубови се одвоиле од аматерските лиги за да формираат професионална лига.

Наводи

Надворешни врски