Преднонепчена согласка

Преднонепчените согласки (тврдонепчени или палатали)[1][2] се согласки коишто се создаваат со доближување на главнината на јазикот до тврдото непце. Кога врвот на јазикот се доближува до непцето свртен наназад, добиената согласка се нарекува свиена (ретрофлекс).

Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Особености

Најчест вид на преднонепчени согласки е сеприсутната приближна согласка [j] (ј), која се вбројува во десетте најзастапени гласови во светските јазици. Носната согласка [ɲ] (њ) е исто така честа, и се јавува во околу 35% од јазиците,[3] но, за разлика од македонскиот, во највеќето нејзината еквивалентна препречна согласка не е [c] (ќ), туку слеаната [t͡ʃ] (ч). Само неколку јазици во северна Евроазија, Америка и средна Африка ги разликуваат преднонепчените избувни од задновенечни слеани согласки - како македонскиот, унгарскиот, чешкиот, словачкиот, латвискииот, турскиот и албанскиот.

Согласките со други главни творби можат да се палатализираат (омекнуваат)[4], каде површината на јазикот се доближува до тврдото непце. На пример, македонското [ʃ] (ш) има таков предонепчен дел, иако главната творба се образува со ставање на јазикот на горното непце (оваа творба се нарекува преднонепчено-венечна или „палатоалвеоларна“).

Во фонологијата, венечно-преднонепчените, преднонепчено-венечните и преднонепчено-заднонепчените согласки се групираат како преднонепчени, бидејќи овие категории ретко се разликуваат од вистинските преднонепчени согласки. Понекогаш на овој начин може да се анализираат и палатализираните венечни и забни согласки.

Преднонепчени согласки по МФА

Во македонскиот, преднонепчени се гласовите њ, ќ, ѓ, ј и љ. Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве преднонепчени согласки:

МФАОписПример
ЈазикПравописМФАЗначење
преднонепчена носна согласкамакедонскичешање[t͡ʃɛʃaɲɛ]чешање
безвучна преднонепчена избувна согласкамакедонскивреќа[vrɛca]вреќа
звучна преднонепчена избувна согласкамакедонскираѓање[raɟaɲɛ]раѓање
безвучна преднонепчена струјна согласкагерманскиnicht[nɪçt]не
звучна преднонепчена струјна согласкашпанскиyema[ʝema]жолчка
преднонепчена приближна согласкамакедонскикрај[kraj]крај
преднонепчена странична приближна согласкамакедонскиљубов[ʎubɔv]љубов
звучна преднонепчена уфрлена согласкасвахилиhujambo[huʄambo]здраво
преднонепчена чрапава согласканǀуǂoo[ǂoo]маж

Поврзано

Наводи

  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
По место →УснениПреднојазичниСреднојазичниЗаднојазичниГласилни
↓ По начинДво​уснениУснено-​забниЗаб​ниВенеч​ниЗадно-​венеч.Свие​ниПредно-​непчениЗадно​непчениРесич​ниГолтни​чкиНадгла​сил​ниГласил​ни
Носниmɱnɳɲ̥ɲŋ̊ŋɴ
Избувниpbtdʈɖcɟkɡqɢʡʔ
Струјниɸβfvθðszʃʒʂʐçʝxɣχʁħʕʜʢhɦ
Приближниʋɹɻjɰ
Трепетниʙrɽ͡rʀя *
Едноударниⱱ̟ɾɽɢ̆ʡ̯
Стран. струј.ɬɮɭ˔̊ʎ̥˔ʎ˔ʟ̝̊ʟ̝
Стран. прибл.lɭʎʟ
Стран. едноуд.ɺɺ̠ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапавиʘǀǃǂǁ
ʘ̃ʘ̃ˀʘ͡qʘ͡qʼ
Уфрлениɓɗʄɠʛ
Исфрлениʈʼ
θʼɬʼχʼ
tsʼtɬʼcʎ̝̥ʼtʃʼʈʂʼkxʼkʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪fb̪vtsdzʈʂɖʐ
ɟʝcʎ̥˔ɟʎ˔kʟ̝̊ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградниʍwɥɧ
Заградниk͡pɡ͡bŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.