Праведник

село во Општина Кавадарци

Праведник — село во Општина Кавадарци.

Праведник
Праведник во рамките на Македонија
Праведник
Местоположба на Праведник во Македонија
Праведник на карта

Карта

Координати 41°20′29″N 21°56′02″E / 41.34139° СГШ; 21.93389° ИГД / 41.34139; 21.93389
Регион Вардарски
ОпштинаКавадарци
Население0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО11032
Праведник на општинската карта

Атарот на Праведник во рамките на општината
Праведник на Ризницата

Географија и местоположба

Праведник — село во општина Кавадарци. Од градот Кавадарци селото е оддалечено 20км југозападно.

Историја

Спомен-чешмата

На 15 мај 1990 година била изградена спомен-чешма во чест на загинатите борци за време на НОБ: Герасим Николов, Перо и Ристо Гелеви.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948313—    
1953373+19.2%
1961224−39.9%
197126−88.4%
19811−96.2%
ГодинаНас.±%
199118+1700.0%
19941−94.4%
20020−100.0%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[2]

Во 2002 година селото било целосно напуштено. Според последниот попис од 2021 година, во селото исто така немало жители.

Во 2022 е регистриран еден жител со постојано место на живеење и со над 100 грла крупен и мал добиток. Исто така е регистрирана обнова на селото, фрескописот на црквата, патот од Шешково до Праведник и др. До селото води електрична мрежа и водовод. Се градат викендици.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население40028031337322426118100
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови

Праведник било македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото биле:

  • Староседелци: Царовци (4 к.), Настовци (1 к.), Јанџиковци (4 к.), Трипуновци (3 к.), Босилковци-Галабовци (2 к.), Ристовци-Митровци (4 к.) и Ризовци (4 к.)
  • Доселеници: Трповци (3 к.) доселени од селото Добротино во XVIII век: Мрковци (3 к.) доселени од селото Стрмашево во XVIII век: Степановци (1 к.) доселени од селото Клиново во Мариово во XIX век: Марчевци (4 к.) доселени од селото Галиште во XIX век. Познати се уште како и Мијаилевци и Јуруковци: Кошанци (1 к.) доселени од селото Кошани: Дупиновци (1 к.) доселени од селото Драдња, а поддалечно потекло од Мариово: Лазарковци (1 к.) доселени од селото Добротино: Мицевци (1 к.) доселени од селото Грбовец: Митревци (1 к.) доселени од селото Старавина во Мариово: Таневци (1 к.) доселени од Грбовец: Митревци (1 к.) доселени од Зборско во Меглен, преку селото Полошко.[7]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Црквата „Св. Спас“
Археолошки наоѓалишта[8]
Цркви

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Галерија

Наводи

Надворешни врски