Портал:Религија

уреди   

РЕЛИГИЈА

Религија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како тотална сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религиРелигија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како тотална сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религии.Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана статија

Христијанствомонотеистичка религија заснована врз животот, учењата и делата Исус Христос по раскажувањата во Новиот завет.

Со 2,1 милијарди верници, христијанството е најраспространетата религија. По потекло сродна е со јудаизмот, со кој дели доста религиозни текстови и својата рана историја; поточно заднички за двете религии се еврејската библија, која во христијански контекст е позната како Стар завет (видете Јудо-христијански). Христијанството се смета за аврамска религија, заедно со јудаизмот и исламот.

Во светото христијанско писмо, поимот „Христијански“, а така и „Христијанство“ најпрвин се посведочило во Дела 11:26: „Цела година се среќавале во црквата и учеле многу луѓе. И кај Антиох учениците на Исус биле наречени Христијани“ (Гр. χριστιανους, од Христос Гр. Χριστός, што значи „миропомазаниот“).

Прочитајте повеќе
уреди   

Избрана слика

Повикување на ѓаволот
уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека јазикот на ангелите се вика енохски јазик, по името на Енох, библискиот татко на Метузалем кој, според легендата, бил испратен во рајот и напишал книга за тоа што го видел?
  • ... дека Кришна во превод од санскрит значи „црн“ или „темен“?
  • ... дека Муслиманите, а и нивните верски учители сметаат дека Куранот останал непроменет од неговото составување?
  • ... дека хебрејското име за Бог, YHWH понекогаш се нарекува и Тетраграматон?
  • ... дека космологијата е наука којашто целосно ја изучува вселената, но и од аспект на човечкото место во неа?
уреди   

Избрана личност

Папата Свети Лав I (400 — 461) — папа на римската црква од 29. септември 440. год. до 10. ноември 461.

Тој бил римски аристократ, црковен учител, и првиот папа од римската црква што бил наречен „Велики“. Познат е по тоа што го пресретнал хунот Атила пред портите на Рим, но и по зацврстувањето на римската црква и проширувањето на јазот со Византија. Во таа смисла, Лав I е еден од основачите на римокатолицизмот и водечка личност во централизацијата и организацијата на Римокатоличката црква.

Католичката и многу англикански цркви го одбележуваат 10. ноември како ден на Свети Лав, а православните цркви го одбележуваат 18. февруари.

Прочитајте повеќе
уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Религија на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)