Показател на вулканска избувност

скала за величината на вулканските избуви

Показател на вулканска избувност, крат. VEI (од англиски: Volcanic Explosivity Index) — релативно мерило на јачината на вулканските избуви (ерупции). Осмислен е од Крис Њухол при Геолошкиот топографски институт на САД и Стивен Селф при Хавајскиот универзитет во 1982 г.

Сооднос на VEI и зафатнината на исфрлениот материјал.

Избувноста се утврдува според три мерки: зафатнина на исфрлениот материјал, висината на избувниот облак и квалитативните (од „благ“ до „мегаколосален“). Скалата има отворена горна граница, при што најголемите вулкани во историјата имаат величина 8. Вредноста 0 ја носат неизбувните изливи (помалку од 10.000 м3 исфрлена тефра), а со 8 се означени мегаколосалните избуви што исфрлаат 1,0 × 1012 м3 (1.000 км3) тефра и облак со столб висок 20 км. Скалата е логаритамска, каде секој интервал на скалата претставува десеткратно зголемување на забележениот материјал, with the exception of between VEI-0, VEI-1 и VEI-2.[1]

Класификација

Показателите зависат од количината на исфрлен вулкански материјал, висината на исфрлање и траењето на избувот. Скалата е логаритамска од VEI-2 нагоре, при што секој степен е десеткратно посилен од претходниот. Помеѓу 1 и 2 долната граница на количината исфрлен материјал скока стократно од 10.000 на 1.000.000 м3, а сите повисоки степени се десеткратни.

VEIИсфрлено (вкупно)КласаОписОблакЧестотаТропосферно
исфрлање
Стратосферно
исфрлање[2]
Примери
0< 104 м3хавајскиизливен< 100 мпостојанозанемарливоникакво
Килауеја, Питон де ла Фурнез, Еребус
1> 104 м3хавајски / стромболскиблаг100 м – 1 кмсекојдневноситноникакво
Њирагонго (2002), Раул (2006), Стромболи (постојано, од римско време до денес)
2> 106 м3стромболски / вулкановскиизбувен1–5 кмдвонеделноумереноникакво
Унзен (1792), Кумбре Вјеха (1949), Галерас (1993), Синабунг (2010)
3> 107 м3вулкановски / пелејски/потплинискикатастрофален3–15 км3 месецизначителноможно
Ласен Пик (1915), Невадо дел Руис (1985), Суфриерски Ридови (1995), Набро (2011)
4> 0,1 км3пелејски / плиниски/потплинискикатаклизмичен> 10 км (плиниски или потплиниски)18 месецизначителноутврдено
Лаки (1783), Мајон (1814), Пеле (1902), Галунгунг (1982), Ејафјадлајекидл (2010), Калбуко (2015)
5> 1 км3пелејски/плинискипакроксизмичен> 10 км (плиниски)12 годинизначителнозабележливо
Везув (79), Фуџи (1707), Таравера (1886), Агунг (1963), St. Helens (1980), Хадсон (1991), Пујеве (2011)
6> 10 км3плиниски / ултраплинискиколосален> 20 км50 - 100 г.значителнозначително
Лахерско Езеро (~ 12.900 г. п.н.е.), Вениаминов (~ 1750 г. п.н.е.), ез. Илопанго (535), Вајнапутина (1600), Кракатау (1883), Санта Марија (1902), Новарупта (1912), Пинатубо (1991)
7> 100 км3ултраплинискисуперколосален> 20 км500 - 1.000 г.значителнозначително
Мазама (~ 5600 г. п.н.е.), Тера (~ 1620 г. п.н.е.), Таупо (180), Пекту (946), Самалас (Ринџани) (1257), Тамбора (1815)
8> 1000 км3ултраплинискимегаколосален> 20 км> 50.000 г.[3][4]огромноогромно
Ла Гарита (26,3 мг), Јелоустоун (630.000 г. п.н.е.), Тоба (74.000 г. п.н.е.), Таупо (25.360 г. п.н.е.)

Утврдени се вкупно 47 избуви со јачина VEI-8, кои се случиле од ордовикот до плеистоценот.Од нив, 42 се случиле во изминатите 36 милиони години. Најмлад од нив е избувот на езерото Таупо во Нов Зеланд пред 25.360 години, што значи дека избув со јачина VEI-8 се нема јавено во холоценот (последниве 10.000 години).[5] Утврдени се барем пет холоценски избуви поголеми од VEI-7. Во тој период се случиле барем 58 плиниски избуви и 13 каледерообразувачки настани со голема, но непозната јачина. Веројатно има многу други избуви кои сè уште не се утврдени.

Кон 2010 г. Глобалната програма за вулканизам на Смитсоновата установа од Вашингтон има класификувано 7.742 избуви во холоценот (последниве 11.700 години) или 75% од познатите избуви во тоа раздобје. Околу 90% од нив се VEI-3 или помал. Околу 49% од истите се VEI-2.[6]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски