Плацебо ефект

Плацебо ефект (латински: Placebo = јас ќе задоволам) е медицински феномен каде резултатите на медицинскиот третман се предизвикани од идеите на пациентот за тоа колку е делотворно лекувањето. Терминот особено се употребува кога пациентот драматично реагира на физиолошки неактивно лекување. Неактивните лекови кои се користат за индуцирање на плацебо ефектот се нарекуваат плацебо лекови; инертни „шеќерни“ пилули и лажни хируршки интервенции се типични примери.

Плацебо ефектот се заснова врз очекувањата

Плацебо ефектот е убедлив феномен во медицината и плацебо лековите се широко користени во современата здравствена грижа.[1]Плацебо ефектот фрла светлина врз улогата на мозокот во физичкото здравје и дозволува споредба на лекови наспроти инертни еквиваленти во медицински истражувања. Лажната природа на плацебо лековите создава притисок меѓу Хипократовата заклетва и чесноста на односот меѓу пациентот и докторот.

Дефиниција

Во статија од 1983 година, Клемент Џ. Мекдоналд и други го дефинирале плацебо ефектот како „супстанца или процедура ... која објективно нема влијание врз состојбата што се лекува“.[2] Иако оваа дефиниција е релативно едноставна, не е целосна дефиниција на плацебо ефктот.

Плацебо ефектот понекогаш се дефинира како психолошки ефект предизвикан од плацебо.[3] Но, оваа дефиниција не укажува на фактот дека плацебо ефектот може да биде дел од легитимни фармаколошки терапии: аналгетици и анксиолитици кои се даваат на пациент без негово знаење се помалку ефектни отколку кога пациентот знае дека ги прима. Слично на ова, ефектите од стимулација предизвикани од вградени електроди во мозокот на пациенти со напредната фаза на Паркинсонова болест се поголеми кога тие знаат за овие стимулации.[4] Тешкотијата да се одвои факторот на вистинскиот третман од очекувањата во вакви ситуации создава тешкотија при правилното дефинирање на плацебо ефектот.[5]

Моерман и Џонас укажале дека не е логично дефинирањето на плацибо ефект како ефект предизвикан од плацебо, бидејќи плацебо е супстанца која не предизвикува ништо. Наместо тоа, тие го вовеле изразот Instead they introduced the term „значење на реакцијата“, бидејќи мозокот се поврзува со плацебо, што предизвикува психолошки плацебо ефект.[3] Ернст и Реш смеаат дека некои од ефектите на плацебо може да се појават поради други фактори.[6]

Ефекти

Поради тоа што плацибо ефектот е реакција на пациентот, постојат бројни можни компоненти за мерење на плацибо ефектите. Овие компоненти имаат различна релевантност во зависност од дизајнот на студијата и видовите на набљудувања.[7] Постојат докази дека со плацебо може да се измени нивото на хормони,[8] ендоканабиониди[9] или ендогени опијати,[10] сепак други значајни компоненти се: очекувањето на пациентот, регресија,[2][11] и недостаток на методологија за истражување.[12]

Објективни и субјективни ефекти

Кога плацебо лек е даден како психостимулатор, има ефект врз срцевиот ритам и крвниот притисок, но ако е даден како депресант, се случува спротивен ефект.[13] Може да ја зголеми издржливоста,[14] брзината[15] и способноста за кревање тежини,[16] што го отвора прашањето дали плацебо треба да се дозволи за употреба при спортски натпревари.[17]

Со техниките кои се изведени од страна на Емеран Мајер, Џоана Џарко и Мет Либерман било покажано дека плацебо може да има реален, мерлив ефект на физиолошките промени во мозокот.[18] Меѓу реалните физиолошки промени предизвикани од плацебо се: промена на срцевото биење, на крвниот притисок, како и хемиски активности во мозокот посебно при случаи на болка, депресија, анксиозност, замор и некои симптоми на Паркинсонова болест. Но, во случај на астма, ефектите се сосема субјективни кога пациентот пријавува подобрување за кое не постои објективна промена на состојбата.[18][19]

Најчесто плацебо ефектот е поврзан со измама со цел да се предизвика позитивен исход, испитувањата вршени во Медицинското училиште во Харвард покажуваат дека плацебо може да функционира и без измама. Осумдесет пациенти биле поделени на две групи, од кои едната група не примала никаков третман, а другата група добила плацебо пилули. Иако им било кажано дека пилулите немаат активна состојка, сепак пациентите пријавиле намалување на симптомите.[20] При друго слично испитување, на пациентите со мигрена им биле дадени пилули на кои пишувало дека се плацебо, тие сепак пријавиле подобрување на нивната состојба.[21]

Фактори кои влијаат

Бидејќи плацебо ефектот зависи од очекувањата, различни фактори може да влијаат врз резултатите.[22] На пример, испитувањата покажале дека бојата и големината на плацебо таблетките влијаат врз резултатот, со тоа што таблетки со силни бои делуваат подобро како стимуланси, а таблетки со смирувачки бои делуваат подобро како депресанти. Капсулите се поефектни од таблетките, а исто така и големината.[23] Според едно истражување, големите таблетки даваат подобри резултати[24] а според друго истражување, ефектот е резултат на потеклото на пациентот.[25] Операцијата пак, дава посилен плацибо ефект отколку инекцијата.[26]

Истражувањата поврзани со плацебо третман на стомачни чирови покажуваат дека ефектот зависи од земја до земја.[3] Плацебо ефектот во Бразил е низок при третман на чир во стомак, повисок е во северна Европа (Данска, Холандија), а највисок во Германија. Сепак, плацебо ефектот при третман на хипертензија е најнизок во Германија.[27] Методологијата на овие испитувања има недостатоци, бидејќи не е правена само анализа на разните културни разлики, туку во некои случаи пациентите примале и антибиотици.[28]

Од друга страна, истражување објавено во JAMA психијатрија плацибо ефектите биле најголеми меѓу 1960 и 2013 година.[29] Друго истражување објавено во Болка во 2015 година, покажува дека при клинички третман на невропатска болка со плацебо, вршено во САД од 1990 до 2013 година, ефектите биле добри.[30]

Етика

Истражувачки испитувања

Се смета дека плацебо е неопходно при медицински испитувања, посебно за споредба со лековите кои се тестираат. Сепак, некои сметаат дека не треба да се користи плацебо, бидејќи во тој случај некои од пациентите остануваат без никаков третман за време на медицинското истражување.[31]

Медицинска пракса

Користењето на плацебо како медицински третман е контроверзно откако постои. Значајни медицински организации го одобрија,[32] но во 1903 година Ричард Кларк Кабот истакнал дека треба да се избегнува плацебо третман, затоа што е измама. Њуман истакнал дека можеби не е етички да се користи плацебо, но исто така не е етички да не се користи нешто што може да лекува. Тој предложил овој парадокс да се реши со тоа што да се користи во ситуации кога се верува во ефектот.[33]

Наводи

Надворешни врски