Пластика

Поимот пластика опфаќа повеќе видови синтетички или полусинтетички производи на полимеризација. Тие се составени од органска кондензација или полимери за дополнување и често содржи други супстанции за подобрување на перформансот или економичноста. Постојат неколку природни полимери што општо се сметаат за „пластика“. Нивното име е изведено од фактот дека многу од нив ја имаат одликата пластичност. Пластиката може да се обликува во различни предмети, филмови или влакна, да се обликуваат и од нив да се прават предмети со различна форма, а може и да се бои во различни бои. Пластиките се отпорни на вода, атмосферски влијанија, корозија, на голем број хемикалии, а некои од нив издржуваат и високи температури. Пластичните производи имаат најразлични одлики како толеранција на топлина, тврдост, отпорност и други.

Различни пластични предмети од секојдневието.
Знаците за рециклирање на пластични амбалажи

Поради разновидните и специфични својства, имаат големо економско значење и разновидна примена. Од пластични материјали се произведува облека, чевли, чанти, многу предмети што се користат во домаќинствата, како на пример, приборот за јадење, разни садови итн.

Пластиката како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Мускул во пластика“ (англиски: Muscle in Plastic) — песна на британската рок-група Баухаус од 1981 година.[1]
  • „Полиетиленската Пам“ (англиски: Polythene Pam) — песна на британската група Битлси од 1969 година.[2]
  • „Пластика“ (Plastique) — песна на американската панк-група D.R.I. од 1983 година.[3]
  • „Пластика“ — песна на српската рок-група Идоли од 1981 година.[4]
  • „Пластичен човек“ (Plastikman) — канадски техно-музичар (уметничко име на Ричи Хотин).[5]
  • „Пластика“ (Plastique) — песна на канадскиот техно-музичар Пластикмен (Plastikman) од 1994 година.[6]

Наводи