Пиво-понг

Пиво-понг (англиски: beer pong) — алкохолна игра во која играчите фрлаат топче за пинг-понг преку маса, со цел да удрат кригла или чаша пиво на другиот крај од масата. Играта обично ја играат две екипи, од кои секоја има најчесто по десет кригли или чаши пиво на нивниот крај на масата, распоредени во облик на триаголник. Во текот на играта, секоја екипа се обидува да ги погоди чашите на противникот со топчето.[1] Ако топчето заврши во чашата на противничката екипа, содржината на чашата ја пие таа екипа и чашата се отстранува од масата. Победник е екипата што прва ќе ги „отстрани“ сите чаши на противникот.[2] Доколку на крајот двете страни имаат ист број на „неисфрлени“ чаши, се најавува „серија пенали“. Противниците наизменично фрлаат додека една од страните не погоди една чаша повеќе, со ист број истрели.[3] Играта е популарна главно на запад, во различни барови, колеџи и универзитети,[4][5] како и меѓу спортските љубители.[6][7][8][9]

Пиво-понг

Наводи

Надворешни врски