Пехчево

град во Општина Пехчево

Пехчево — мал град во областа Малешевија и административно седиште на Општина Пехчево. Познато е по зимскиот туризам.

Пехчево
Град
Средиштето на Пехчево
Средиштето на Пехчево
Пехчево is located in Македонија
Пехчево
Пехчево
Местоположба на Пехчево во Македонија
Координати: 41°45′00″N 22°53′00″E / 41.75000° СГШ; 22.88333° ИГД / 41.75000; 22.88333
ДржаваМакедонија
РегионИсточен Регион
ОпштинаОпштина Пехчево
Надм. вис.&10000000000000998000000998 м
Население (2021)
 • Вкупно2,471
ДемонимПехчевци (мн.)
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 033
Рег. таб.PE

Потекло на поимот

Според преданијата, се вели дека Пехчево го добил името по некои печки кои биле сместени под падините на планината Буковик. Овие печки биле поставени заради рудниците коишто се наоѓаат на падините на Буковик, а кои биле од потреба за обработка на рудата. Според тоа, Пехчево било нарекувано Печково. Но со текот на времето со доаѓањето на Отоманците, градот го променил името во Пехчево.

Географија

Пехчево се наоѓа во крајниот источен дел на Република Македонија, во областа Малешевија, оддалечено 10 километри северно од Берово и 27 километри јужно од Делчево. Околу 20% од територијата на општината Пехчево се обработливи површини, а останатиот дел се пасишта, шуми и необработливо земјиште. Пехчево се наоѓа на 1.000 метри надморска височина и по Крушево, претставува вториот највисок град во Македонија.

Историја

Посета на Герасим Струмички во Пехчево, 1912 година.
Пехчево во почетокот на XX век.

Пред стапнувањето на Отоманците во Малешевијата, кон крајот на 14 век (1394-1395 г.), дел од месното население на Пехчево, се занимавало со експлоатација на железна руда од Буковик. Според пишаните документи од 1580 година, овој рудник почнале да го експлоатираат турските власти. Поради добрата местоположба, во Пехчево се населиле нови жители, претежно муслимани, по потекло од ридско-планинските предели од Мала Азија. Со новите сожители, Пехчево во втората половина на 18 и почетокот на 19 век добива ориентален лик. Поради ваквата физиономија на гратчето, Османлиите го нарекле Османли Касаба (во груб пребод: Османлиско Гратче), како и поради погодната географска положба и отвореноста кон сите муслимани. Веќе кон крајот на 19 век, гратчето пораснало во голем административно средиште на османлиската управа за поширокиот регион на целата Малешевска област. Токму во тоа време била создадена и Пехчевската каза со седиште во Пехчево. Во последните години од 19 век, во Пехчево имало девет ана сместени во средиштето на гратчето, саат-кула со специфично ѕвоно кое се слушало надалеку, управна зграда на каза (уќумат), аптека и други градби. За време на Првата светска војна, повеќето од градботе кои имале ориентални облици, меѓу кои и обновената саат-кула, биле разурнати. Во оваа војна, Пехчево губи и голем број од своите жители, како резултат на иселувањето, претежно од муслиманското население.[1]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во гратчето Пехчево имало 4.070 жители, од кои 3.300 Македонци муслимани, 700 Македонци христијани и 70 Роми.[2]

Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Клима

Климата во општината и градот е континентална, со умерено топли лета и долги студени зими. Просечната годишна температура е 9 °C, а просечната релативна влажност изнесува 72% со врнежи од 544,3 mm годишно.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пехчево живееле 4.070 жители, од кои 700 Македонци православни, 3.300 Македонци муслимани и 70 Роми.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 1.350 Македонци, 100 Турци и 50 други..[5]

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 3.237 жители и спаѓал во групата на мали градови.[6] Етнички гледано, населението е составено од:[7]

Етнички групи[7]
Македонци
  
94,75 %
Роми
  
3,80 %
Турци
  
0,96 %
други
  
0,25 %
Срби
  
0,19 %
Власи
  
0,06 %
НародВкупноУдел (%)
Македонци3.06794,75
Турци310,96
Роми1233,80
Власи20,06
Срби60,19
други80,25
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[7]:

Јазици[7]
македонски
  
96,51 %
ромски
  
2,72 %
турски
  
0,46 %
српски
  
0,15 %
други
  
0,15 %
ЈазикВкупноУдел (%)
македонски3.12496,51
турски150,46
ромски882,72
српски150,15
други150,15
Вероисповед

Во Пехчево се застапени следните религиски групи[7]:

Религија[7]
Православие
  
95,09 %
Ислам
  
4,29 %
други
  
0,62 %
ВероисповедВкупноУдел (%)
Православни3.07895,09
Муслимани1394,29
други200,62

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Пехчево:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.687—    
19531.750+3.7%
19611.827+4.4%
19711.878+2.8%
19812.440+29.9%
ГодинаНас.±%
19913.007+23.2%
19943.032+0.8%
20023.237+6.8%
20212.471−23.7%
ГодиниМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Лица без под.Вкупно
19481.687
19531.410014080123691.750
19611.69636050181.827
19711.7883402215101.878
19812.31551769011232.440
19912.880123881953.007
19942.892023991893.032
20023.06703112326083.237
20212.2841323213127902.471

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во градот постојат избирачките места бр. 19, 20 и 21 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на овије изборни место биле запишани вкупно 2.549 гласачи.[9]

Религија

Црквата „Св. Петар и Павле“ во Пехчево

Во Пехчево мнозинството од населението е со православна христијанска веросисповест, а има и муслиманска вероисповед.

Пехчевски водопади

Стопанство

Главните стопански и индустриски гранки во Пехчево се лесната индустрија, земјоделството и сточарството. Лесната индустрија е застапена со дрвопреработувачкиот, огноотпорниот и конфекцискиот сектор. Исто така ЈП „Македонски шуми“ има подрачна единица во Пехчево.Како најзначајна фабрика во Пехчево од областа на лесната индустрија е фабриката „БОМЕКС Рефрактори“. Од дрвната индустрија позната фабрика е „ФАГУС“.

Општината важи за еколошки чист регион и има потенцијали за развој на туризмот и производство на здрава храна. Сите села во околината се поврзани со Пехчево со асфалтирани патишта, и имаат развиена електрична и телефонска мрежа.

Природни и културни знаменитости

На само 10км од Пехчево се наоѓа познатото туристичко место Равна Река. Тука се наоѓаат познатите Пехчевски Водопади, изворот на Брегалница, летниковци и спортски терени. Местото изобилува со викендици и два рибника.

Чодосова колиба, Равна Река
Паркови и зеленило
  • Градски парк - главниот парк кој е на југот на градот
  • Езерце - парк и природно езерце/бара кое е на југоистокот на градот
Археолошки наоѓалишта

Образование

  • Детска градинка „7 Септември“
  • ОУ „Ванчо Китанов“
  • Гимназија „Ацо Русковски“

Култура

Од областа на културата, организирани се разни манифестации меѓу кои:

  • Распеано Малешевче - Фестивал на детски песни и ора
  • Кинопроекции
  • Народни ора - КУД „Јане Сандански“

Спорт и рекреација

За спорт и рекреација е изградена спортска сала „Јане Сандански“ каде што младите го поминуваат своето слободно време.

Личности

  • Владимир Бочваров (1896 - 1955), лекар во Бугарија
  • Георги Ќосев (? - 1915), македонски револуционер
  • Димитар Попгеоргиев, македонски правник
  • Стојан Вардарски (1900 - ?), македонски револуционер
  • Стојан Кантуров (1884 - 1959), македонски револуционер
  • Атанас Раздолов (1872-1931), македонски поет
  • Ванчо Китанов (1925-1943), макeдонски револуционер
  • Атанас Костовски (1 август 1938), легенда на македонското спортско новинарство
  • Кирил Андоновски (15 јули 1942), македонски театарски и филмски глумец

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски