Петар Стојковски-Бабец

Петар Стојковски - Бабец (Битола, 3 јануари 1930 - Битола, 15 јули 2010) — македонски глумец и режисер.[1][2]

Петар Стојковски - Бабец
Роден3 јануари 1930
Битола, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал15 јули 2010(2010-07-15) (возр. 80)
Битола, Македонија
НационалностМакедонец
НародностМакедонец
Занимањеглумец

Животопис

Стојковски е роден во Битола во 1930 година. Основното училиште го завршил во родниот град, во училиштето „Св. Кирил и Методиј“. По завршувањето на основното училиште се запишал во битолската гимназија каде работела силна драмска група на која Стојковски веднаш и се приклучил. Прва негова улога во Народниот театар во Битола како професионален глумец е улогата на Милован во претставата „Фамилијата Бло" од Љубинка Бобиќ. Потоа следуваат уште многу други, како тие во претставите „Швејк во Втората светска војна“ од Бертолт Брехт, „Дундо Марое" од Марин Држиќ, „Мистер Долар“ од Бранислав Нушиќ, „Монсерат“ од Е. Роблес, „Чорбаџи Теодос“ и „Бегалка“ од Васил Иљоски, „Глувечка патека" од М. Ѓарваш, „Арсеник и старите тантели" од Џ.О. Кесерлинг, „Вук Бубало" од Б. Ќопиќ и др. Дела кои ги има режирано се : „Педаче“, „Сенката на господинот Вип“, „Убавица и ѕвер“, „Волшебникот од Оз“, „Пипи Долгиот Чорап“, „Трите волшебни кучиња“ и многу други. Се пензионирал на 15 јануари 1993 година. Стојковски починал на 15 јули 2010 година во Битола.[3]

Филмографија

Награди

Наводи

Надворешни врски