Пентесилеја

Пентесилеја (грчки: Πενθεσίλεια = „онаа која предизвикува тагување“) — лик од старогрчката митологија, кралица на Амазонките. Таа била ќерка на богот на војната Арес и на кралицата на Амазонките, Отрепа, како и сестра на Хиполита, Антиопа и Меланипа. Според Квинт Смирнски, Пентесилеја ја убила сестрата Хиполита со копје додека ловеле елени. Оваа несреќа ѝ предизвикала на Пентесилеја голема тага, што посакувала да умре, но како Амазонка, таа морала да го стори тоа чесно и во битка. Затоа, лесно била убедена да се приклучи во Тројанската војна, борејќи се храбро на страната на бранителите на Троја.[1] Таму, таа погинала од раката на Ахил.[2]

Пентесилеја

Наводи