Патријархат

Патријархат е општествен систем во кој мажите се основните авторитети централни на општествената организација, заземаат улоги на политичко раководство, морален авторитет и контрола на имотот, и каде татковците имаат власт над жените и децата. Тој подразбира машко владеење и женска субординација. Многу патријархални општества се исто така патрилинеарност, што значи дека имотот и презимето се наследени од машката лоза.

FIGHT PATRIARCHY: графит во Торино (Италија)

Историски гледано, патријархатот се манифестира во социјално, правно, политичко и економско организирање во голем број на различни култури.[1]

Историјат

Предпатријархални општества

Наодите укажуваат дека во најраното доба, околу 7000 г. п.н.е., на подрачјето на денешна Европа и Мала Азија [2] живееле многу развиени култури, кои го негувале земјоделието. Во тоа време жените играле важна улога - економска како работнички и духовна како свештенички, па нивната општествена улога била нагласена. Роднинските врски се потпирале на матријархатот, што значи дека ќерките ги наследувале своите мајки. Мажите имале еднакво важни улоги како трговци и занаетчии, и како што се чини, во тоа време немало војни. Важните центри на оваа рана култура биле на Балканот, на подрачјето на денешна Турција и предасирската култура на подрачјето на денешен Иран.

Патријархални општества

Денес постојат многобројни објаснувања и теории за појавата на патријархатот. Народите кои го населувале подрачјето на Европа, веројатно во согласност со општествените прилики се развивале во правец на патријархатот. Сите промени можат да се доведат во врска со азиските племиња на коњаници, кои поради сушите и наглото зголемување на бројот на населението морале да го напуштат своето подрачје. До овој процес на преселба дошло многу рано (околу 3500 г. п.н.е.).

Формирањето на патријархатот, маргинализацијата на жената и вооружените судири нашле заеднички корени. Постојаните војни и освојувања довеле до доминација на патријархалните култури. Овие култури претставувале пресвртница во создавањето на европската цивилизација (на Стара Грција и Римското Царство). Последниот центар на старата, многу развиена култура на земјоделско производство што ја раководеле жените, била на Крит. Таа исчезнала во втората половина на II век п.н.е. како последица на природните катастрофи.

Психоаналитички теории

Терминот патријархат се користи лабаво и значи "машка доминација", додека поригорозната дефиниција лежи во буквална интерпретација: "владеењето на таткото".[3] Така, патријархатот не се однесува на едноставен бинарен модел на машка моќ над жените, но моќност заложена покомплексно, зависно од возраста како и полот, со постари мажи владеејќи над жени, деца и помлади мажи. Некои од овие млади мажи можат да бидат наследници и затоа имаат удел во продолжените конвенции на патријархатот. Другите можат да се подбунат.[4][5] Овој психоаналитички модел се заснова на ревизии на Фројдовиот опис за нормалното невротично семејство користејќи ја аналогијата на приказната за Едип.[6][7] Оние кои се надвор од Ојдипова тријада на мајка/татко/дете се помалку подложни на патријархален авторитет.[8] Работењето за власта во патријархатот вообичаено се случува несвесно. Сите се подложни, дури и татковците се обврзани од страна на неговите стриктури.[9] Тој е претставен во неизговорени традиции и конвенции извршувани во секојдневните однесувања, обичаи и навики.[10] Патријархалниот триаголен однос на татко, мајка и најстар син често ги формира динамичните и емоционалните наративи на популарната култура и се изигруваат перформативно во ритуалите на додворувањето и бракот.[11] Тие обезбедуваат концептуални модели за организирање на односите на моќ во сфери кои немаат никаква врска со семејството, на пример, политиката и бизнисот.[12]

Феминизмот го дефинира патријархатот како неправеден општествен систем, што ги угнетува жените. Како феминистка и политички теоретичар Керол Пејтман пишува, "Патријархалната конструкција на разликата меѓу мажественоста и женственоста е политичката разлика меѓу слободата и потчинетоста."[13] Во феминистичка теорија концептот на патријархатот е течно и лабаво дефиниран.[14] Тој често ги вклучува сите социјални механизми кои ја репродуцираат и создаваат машката доминација над жените. Феминистичката теорија обично го карактеризира патријархатот како општествена конструкција, која може да се надмине со откривање и критичко анализирање на неговите манифестации.[15]

Слично

Наводи