Пастрмка (науч.Salmo) — род на риби од семејството на пастрмките (Salmonidae) каде спаѓаат пастрмките и лососите, од кои најпознати се охридската пастрмка (Salmo letnica), речната пастрмка (Salmo trutta), атлантскиот лосос (Salmo salar) и други. Родот живее претежно во Европа. Само ареалот на атлантскиот лосос се протега до северните краишта на Северна Америка. Пастрмките и лососите од Тихиот Океан припаѓаат на друг род, наречен куконосни (Onchorhynchus).
Бројот на посебни видови и подвидови во родот Пастрмки е спорен. Атлантскиот лосос и речната пастрмка се широко распространети видови, но највеќето други таксони се ендемски на еден слив (тука спаѓаат охридската пастрмка со подвидовите летница, струшка пастрмка, охридска белвица итн).