Парк

Парк е природен, полуприроден или уреден простор со зелена површина (дрва, грмушки, трева, цвеќиња и други растенија), наменет за разонода, рекреација и одмор на луѓето. Парковите може да се состојат од тревнати површини, карпи, дрвја, но и градежни објекти и други објекти, како: угостителски објекти, споменици, фонтани, направи за вежбање, направи за играње на децата или домашните миленици итн. Исто така, некои паркови вклучуваат и посебни терени за разни спортови, како и патеки за пешачење, велосипедизам итн. Најпосле, парковите се опремени со разна урбана опрема, како: клупи, маси, скари итн.

Паркот Veale Gardens во Аделајд, Австралија
Паркот Sad Janka Kráľa во Братислава, Словачка
Паркот de Gagel во Утрехт, Холандија

Паркот како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Во паркот“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[1]
  • „Прошетка во паркот“ (англиски: Walking Thru The Park) — песна на американскиот блуз-музичар Мади Вотерс (Muddy Watres)“ од 1981 година.[2]

Наводи