Париз-Ница 2012 било 70. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница, често позната како Трка на Сонцето. Започнала на 4 март во Дампјер ан Ивлен, а завршила на 11 март во Ница и се состоела од осум етапи, вклучувајќи два хронометри. Таа била втора трка од сезоната на Светската турнеја во 2012.
Трката ја освоил Британецот Бредли Вигинс од Тим Скај, кој го презел водството на втората етапа од трката и ја носел водачката жолта маичка до крајот, станувајќи првиот британски возач, кој победил на трката од Том Симпсон во 1967.[1] Вигинс исто така ја освоил и зелената маичка за освоените најмногу бодови во текот на етапите на средните спринтови и етапните победи.[2] Вигинс го освоил генералниот пласман со осум секунди разлика пред освојувалот на второто место, Ливе Вестра (Вакансолел-ДКМ), кој бил победник на кралската етапа до Манд.[3] Возачот на Мовистар Тим Алехандро Валверде го завршил подиумот, 62 секунди зад Вестра и 70 секунди зад Вигинс.[3]
Во другите пласмани на трката, Тиџеј ван Гардерен од Аксент.џобс-Вилемс Веранда ја освоил белата маичка за највисоко пласираниот возач, роден во 1987 или подоцна, завршувајќи како петти во генералниот пласман,[4], додека возачот на Вакансолел-ДКМ Фредерик Вешелен го освоил планинскиот пласман.[4] Вакансолел-ДКМ исто така завршил и на чело на екипниот пласман на крајот на тешката недела за тимот, во која нејзините возачи исто така освоил три етапни победи.[4]
Екипи
Бидејќи Париз-Ница е настан од светската турнеја на UCI, сите 18 UCI ProTeam тимови автоматски се поканети и се обврзани да испратат екипа. На четири други екипи им биле доделени покани за трката,[5] и така се создала групата од 22 тима за оваа трка.
22-та тима кои ќе се натпреваруваат се следниве:[6]
Етапи
Етапа 1
- 4 март 2012 – Дампјер ан Ивлен до Сен Реми ле Шеврез, 9,4 км поединечен хронометар (ITT)[7]
Резултати и генерален пласман по етапа 1 |
Етапа 2
- 5 март 2012 – Мант ла Жоли до Орлеан, 185 км[8]
Резултати од етапа 2 | | Генерален пласман по етапа 2 |
Етапа 3
- 6 март 2012 – Верзон до Ле Лак де Васивиер, 194 км[9]
Резултати од етапа 3 | | Генерален пласман по етапа 3 |
Етапа 4
- 7 март 2012 – Брив ла Гајар до Родез, 183 км[10]
Резултат од етапа 4 | | Генерален пласман по етапа 4 |
Етапа 5
- 8 март 2012 – Оне ле Шато до Манд, 178 км[11]
Резултати од етапа 5 | | Генерален пласман по етапа 5 |
Етапа 6
- 9 март 2012 – Суз ла Рус до Систерон, 176,5 км[12]
Резултати од етапа 6 | | Генерален пласман по етапа 6 |
Етапа 7
- 10 март 2012 – Систерон до Ница, 220 км[13]
Резултати од етапа 7 | | Генерален пласман по етапа 7 |
Етапа 8
- 11 март 2012 – Ница до Кол д‘Ез, 9,6 км поединечен хронометар (ITT)[14]
Резултати од етапа 8 | | Последен генерален пласман |
Поредок
Наводи
Надворешни врски