Папа Јулиј III

Јулиј III (лат. Iulius PP. III; 10 септември 1487 - 23 март 1555) — римски папа од 7 февруари 1550 до 23 март 1555[1]. Бил назнанчен за кардинал, а и за претседател на Тридентскиот собор од страна на папата Павле III. Почетокот на неговото папство не се одликувало со спроведување на реформи. Тој ја обновил традицијата за празнување на празниците и одржување на карневали во Рим. Ги назначил за кардинали, не само оние кои му биле роднини, туку и оние кои му служеле. Во 1551, сакал да го возобнови заседанието на Тридентскиот собор. Водел политика да го воведе католицизмот во Англија, но сето тоа завршило без успех. Во 1551, капелмајстор во папскиот двор станал композиторот Џовани Перлуиџи Палестрина (1525-1594), познат претставник од периодот на ренесансата.

Iulius III
Родено имеЏовани Марија Чоки дел Монте
Папа од7 февруари 1550
Папа до23 март 1555
ПретходникПапа Павле III
НаследникПапа Марцел II
Роден10 септември 1487
Рим
Починал23 март 1555
?
Други папи по име Јулиј (појаснување)

Наводи