Паоло Таљавенто

Паоло Таљавенто (роден на 19 септември 1972 во Терни) — поранешен италијански фудбалски судија кој судел во Серија А како и во натпреварувањата под покровителство на УЕФА: Лигата на шампионите и Лига Европа.

Паоло Таљавенто
Роден19 септември 1972(1972-09-19)(51 г.)
Терни, Италија
НационалностИталија Италија
Домашна
ГодиниЛигаУлога
2003-2010Серија А/Серија БСудија
2010-2018Серија АСудија
Меѓународна
ГодиниЛигаУлога
2007–2017на списокот на ФИФАСудија

Кариера

Клупски натпревари

Таљавенто е судија во Серија А од 2004 година, со забележани 87 натпревари како главен судија до денес. Во Серија Б, пак забележал 14 натпревари, додека тој исто така судел двапати натпревари во Купот на Италија во сезоната 2009-2010, како и натпреварот за опстанок во 2009 година.

Таљавенто исто така има судено 17 натпревари во европските натпреварувања организирани од УЕФА, а на 8 декември 2010 година, дебитирал во Лигата на шампионите, кога ја делел правдата во натпреварот помеѓу Арсенал и Партизан.

Својата кариера како судија ја завршил на 30 мај 2018 година.[1]

Репрезентативни натпревари

Таљавенто судел и натпревари од квалификациите за Светското првенство, квалификациите за Европското првенство под 21 година и пријателски репрезентативни натпревари.

Репрезентативни официјални натпревари
DateHomeAwayResultCompetition
8 септември 2007 Северна Ирска Германија0 – 3[2]2009 УЕФА У-21 Квалификации.
7 февруари 2008 Турција Шведска0 – 0[3]Пријателски натпревар
11 септември 2008 Литванија Австрија2 – 0[4]Квалификации .за светско првенство 2010
16 октомври 2008 Франција Германија0 – 1[5]2009 УЕФА У-21 Квалификации.
7 јуни 2009 Македонија Норвешка0 – 0[6]Квалификации .за светско првенство 2010
12 август 2010 Словенија Австралија2 – 0[7]Пријателски натпревар

Поврзано

  • Список на фудбалски судии

Наводи

Надворешни врски