Ојтин

Ојтин (германски: Eutin) — град и административно седиште на округот Источен Холштајн, сместен во северната сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Ојтин
Ојтински замок
Ојтински замок
Ојтински замок
Грб на Ојтин
Ојтин во рамките на Германија
Ојтин
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
ОкругИсточен Холштајн
ГрадоначалникКлаус-Дитер Шулц
Основни податоци
Површина41,4 км2
Надм. височина33 м
Население16.960 (31 декември 2020)[1]
 - Густина410 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.OH
Пошт. бр.23701
Повик. бр.04521
Порталwww.eutin.de
Местоположба на градот Ојтин во рамките на округот Источен Холштајн
Карта
Карта
Координати54°8′16″N 10°37′5″E / 54.13778° СГШ; 10.61806° ИГД / 54.13778; 10.61806

Историја

Името Ојтин (првично Утин) — од словенско потекло. Неговото значење не е целосно јасно; веројатно е изведено од личното име „Ута“. Словенското племе Ободрити се населиле во источен Холштајн во VII и VIII век и изградиле замок на Островот на Фазаните во езеро, сега наречено Големо Ојтинско Езеро.

Првичната словенска населба Утин (Utin) била населена во XII век од холандски доселеници. Во 1156 година, Ојтин добил пазарни права. Градските права му биле доделени во 1257 година. Подоцна станал седиште на Принц-Епископијата Либек, откако самиот Либек бил слободен царски град. Кога епископијата била секуларизирана во 1803 година, Ојтин станал дел од Војводството Олденбург. Како последица на Законот за голем Хамбург од 1937 година, Ојтин преминал од Слободната Држава Олденбург на пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн. По Втората светска војна, станал дел од современата сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн.

Ојтин е родното место на композиторот Карл Марија фон Вебер. Во негова чест бил изграден отворен театар (Freilichtbühne) во паркот на Ојтинскиот замок во 1951 година, каде се изведуваат неколку опери во текот на јули и август за време на Ојтинскиот фестивал. Капацитетот на отворената сцена е околу 2.000 луѓе.

Ојтин е домаќин на годишниот блуз фестивал на почетокот на секое лето. Локални музичари, како и музичари од светот, настапуваат на тридневниот фестивал, кој се одржува на главниот плоштад во центарот на градот.

Географија

Главниот плоштад во Ојтин

Ојтин е опкружен од бројни езера во Холштајнска Швајцарија, вклучувајќи ги Големото Ојтинско Езеро, Малото Ојтинско Езеро, Келерското Езеро и Уклајско Езеро. Околу езерата се наоѓаат прекрасни шуми.

Историски градби

  • Старата воденица Ојтин
  • Ојтински замок
  • Водокула
  • Музеј за Источен Холштајн

Познати жители

  • Николас Меркатор — математичар
  • Јохан Хајнрих Фос — писател и преведувач
  • Карл Марија фон Вебер — композитор

Меѓународни односи

Ојтин е збратимен со следниве градови:

Наводи

Надворешни врски