Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1964

список на статии на Викимедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1964 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која освоила 11 златни од вкупно 25 медали.

Најуспешен натпреварувач на игрите била советската лизгачка Лидија Скобликова, која освоила 4 златни медали.

Список по земји

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

МестоЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1 СССР (1964)118625
2 Австрија (1964)45312
3 Норвешка (1964)36615
4 Финска (1964)34310
5 Франција (1964)3407
6 Германија (1964)3339
7 Шведска (1964)3317
8 САД (1964)1236
9 Холандија (1964)1102
10 Канада1023
11 Велика Британија (1964)1001
12 Италија (1964)0134
13 Северна Кореја (1964)0101
14 Чехословачка (1964)0011
Вкупно343831103

Поврзано

Надворешни врски