Освалд Евери
Освалд Теодор Евери (англиски: Oswald Theodore Avery; 21 октомври 1877 — 2 февруари 1955) бил американски молекуларен биолог, имунолог и лекар. Значителен дел од кариерата на Освалд Евери е сврзана со болницата на Универзитетот Рокфелер во Њујорк. Евери е познат како еден од соавторите на експериментот на Евери, Меклаод и Меккарти, кој во 1944 година, заедно со Колин Меклаод и Маклин Маккарти покажал дека самата ДНК е носител на генетската информација.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/eb/Oswald_T._Avery_portrait_1937.jpg/200px-Oswald_T._Avery_portrait_1937.jpg)
Нобеловецот Арне Тизелиус во 2003 година изјавил дека Евери е еден од најдостојните научници кои не добиле Нобелова награда за своите истражувања.[1]
По Освалд Евери е именуван еден кратер на Месечината.
Животопис
Евери е роден на 21 октомври 1877 година во Халифакс (Канада).
Учел во New York Male Grammar School, потоа во Colgate Academy, а подоцна и во Colgate University. Евери избрал медицинска кариера во Колеџот на лекари и хирурзи на Колумбискиот универзитет во Њујорк, и добил медицински степер во 1904 година.
на 1 август 1918 година добил државјанство на САД. Од 1923 до 1948 година работел во Институтот Рокфелер.[2] Умира од рак на панкреасот во 1955 година.[3]
Наводи
Надворешни врски
- Key Participants: Oswald T. Avery Архивирано на 14 март 2010 г. — Linus Pauling and the Race for DNA: A Documentary History