Ополско Војводство

војвојдство во Полска

Ополско Војводство (полски: województwo opolskie, германски: Woiwodschaft Oppeln) — војводство во југозападна Полска, најмалото и најмалку населеното во државата. Наречено е по најголемиот и главен град — Ополе. Историски, подрачјето е дел од областа Горна Шлеска и има релативно големо германско малцинство, со свои претставници во државното собрание.

Ополско Војводство
Województwo opolskie
војводство
Знаме на Ополско ВојводствоГрб на Ополско Војводство
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Ополското Војводство
Окрузи во Ополското Војводство
Земја Полска
СедиштеОполе
Окрузи1 градски, 11 земски *
Површина
 • Вкупно9.412,5 км2 (36,342 ми2)
Население (2014)
 • Вкупно1.000.858
 • Густина110/км2 (300/ми2)
 • Градскo549.334
 • Селско495.012
Рег. таб.O
Мреж. местоumwo.opole.pl

Се граничи со следниве војводства: Долношлеското на запад, Големополското и Лоѓското на север, Шлеското на исток и Чешка на југ.

Историја

Ополското војводство е создадено на 1 јануари 1999 г. од дотогашното Ополско и делови од Ченстоховското Војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година.

Во прво време, владата имала намера да го укине Ополското војводство и да го подели меѓу Долношлеското и Шлеското војводство (источна Горна Шлеска и западна Малополска), според советите на истакнати историчари, кои сметале дека ова се поавтентично полски области со историска заднина. Било предвидено Бжег и Намислов да ѝ припаднат на Долна Шлеска, а остатокот, заедно со дел од Ченстоховското Војводство, да стане дел од новото Шлеско Војводство. Сепак, овие планови побудиле значајно негодување меѓу германското население на војводството, кои стравувале дека поделбата на нивното подрачје ќе ги расцепка, оставајќи ги без застапување како малцинство. На изненадување на Германците, шлеските Полјаци исто така се побуниле против реформата, сметајќи дека тоа ќе им го наруши регионалниот идентитет и ќе ги втурне во непозната средина.

Решението било донесено кон крајот на 1999 г. со придодавањето на Олесно кон Ополското Војводство по 24 години раздвоеност. Конечната разврска дошла во 2006 г. кога општината Радлув прва го прогласила германскиот за втор службен јазик.

Географија

Војводството е сместено во југозападна Полска, претежно на подрачјето на Шлеската Низина. На исток се граничи со Шлеската Висорамнина со познатата планина Света Ана, а на југозапад се Опавските Планини во состав на Судетите. Реката Одра по средината го пресекува војводството на два дела. Северниот дел долж реката Мала Панев е густо пошумен, додека пак во јужниот дел преовладува обработливо земјиште.

Ополското Војводство се одликува со најтопла клима во земјата.

Градови и гратчиња

Војводството има 35 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година[1]):

  1. Ополе (128.034)
  2. Кенѓежин-Кожле (65.572)
  3. Ниса (47.283)
  4. Бжег (38.303)
  5. Клучборк (25.910)
  6. Прудњик (23.133)
  7. Стшелце Ополске (20.059)
  8. Крапковице (18.112)
  9. Намислов (16.557)
  10. Глухолази (14.887)
  11. Глубчице (13.333)
  12. Зѓешовице (13.329)
  13. Олесно (10.106)
  14. Ожимек (9.944)
  15. Гродкув (8.771)
  16. Заваѕке (8.331)
  17. Прашка (8.230)
  18. Пачкув (8.147)
  19. Њемодлин (6.849)
  20. Кетш (6.365)
  21. Волчин (6.139)
  22. Гоголин (6.077)
  23. Левин Бжески (5.826)
  24. Глогувек / Оберглогау (5.816)
  25. Отмухув (5.261)
  26. Доброѓењ / Гутентаг (4.168)
  27. Бичина (3.677)
  28. Колоновске / Колоновска (3.432)
  29. Баборув (3.175)
  30. Лешница / Лешниц (2.945)
  31. Прушкув / Проскау (2.713)
  32. Бјала Прудницка / Цилц (2.653)
  33. Гожув Шлонски (2.606)
  34. Корфантув (1.883)
  35. Ујазд / Ујест (1.652)

Управна поделба

Војводството е поделено на 12 окрузи, од кои 1 градски и 11 земски. Тие пак се поделени на 71 општина.

Ополе — главен град на војводството.
Ниса — трет град по население во војводството.
Бжег — познато посетителско место.
Градот Прудњик со неговите средновековни градби.
Клучборк — важна железничка клучка во Полска.
Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2006)
СедиштеДруги градовиОпштини
Градски окрузи
Ополе
Opole
96128.0341
Земски окрузи
Бжешки
powiat brzeski
87792.361БжегГродкув, Левин Бжески6
Глупчички
powiat głubczycki
67350.326ГлубчицеКетш, Баборув4
Кенѓежинско-кожелски
powiat kędzierzyńsko-kozielski
625102.118Кенѓежин-Кожле6
Клучборчки
powiat kluczborski
85270.082КлучборкВолчин, Бичина4
Крапковички
powiat krapkowicki
44267.926КрапковицеЗѓешовице, Гоголин5
Намислувски
powiat namysłowski
74843.957Намислув5
Ниски
powiat nyski
1.224145.640НисаГлухолази, Пачкув, Отмухув, Корфантув9
Олески
powiat oleski
97468.269ОлесноПрашка, Доброѓењ, Гожув Шлонски7
Ополски
powiat opolski
1.587134.874Ополе *Ожмек, Њемодлин, Прушкув13
Прудњички
powiat prudnicki
57159.931ПрудњикГлогувек, Бјала Прудњицка4
Стшелечки
powiat strzelecki
74480.828Стшелце ОполскеЗаваѕке, Колоновске, Лешњица, Ујазд7
* седиштето не е дел од округот

Население

Ополското Војводство е најмалото во земјата, како по површина, така и по населеност.

Населението брои околу милион жители, од кои 15 % се Германци, сочинувајќи 90 % од германското малцинство во Полска. Поради ова, има поголем број на двојазични општини, каде германскиот јазик и култура играат значајна улога.

Стопанство

Војводството има мешано индустриско-земјоделско стопанство. Има лежишта на минерални ресурси за градежен материјал како варовник (Стшелце Ополске), лапорец (кај Ополе), мермер и базалт. Се одликува со поволна клима и плодна почва кои даваат големи приноси.

Во Ополското Војводство се застапени вкупно 19 стопански грабки. Најважно е производството на цемент и вар, а потоа следуваат изработката на мебел, прехранбената, автомобилската и хемиската индустрија. Заведени се околу 53.000 претпријатија, претежно од мал и среден обем, во кои работат преку 332.000 лица, од кои 89.000 работат во производните дејности. Дури 95,7 % од сите претпријатија се во приватна сопственост.

Презимиња

Најзастапени презимиња во Ополското Војводство се следниве:

  1. Новак: 5.538
  2. Вјечорек: 2.654
  3. Мазур: 2.512

Поврзано

  • Горна Шлеска

Наводи

Поврзано

50°38′54″N 17°54′02″E / 50.64833° СГШ; 17.90056° ИГД / 50.64833; 17.90056