Олимписки спортови се спортови кои се дел од Летните и Зимските олимписки игри. На Летните олимписки игри 2012 биле вклучени 26 спортови, а два дополнителни спортови ќе бидат додадени за Летните олимписки игри 2016. Зимските олимписки игри 2014 вклучувале седум спортови.[1] Бројот и видот на дисциплините може да се менува незначително од една на друга олимпијада. Секој олимписки спорт е претставен од меѓународно раководно тело, наречено меѓународна федерација.[2]Меѓународниот олимписки комитет (МОК) воспоставува хиерархија на спортови и дисциплини.[2] Според оваа хиерархија, олимписките спортови можат да бидат поделени на повеќе спортови, кои често се сметаат за различни спортови. Таков пример се пливањето и ватерполото (кои се подспортови на водените спортови, претставени од ФИНА),[3] или уметничкото лизгање и брзото лизгање (подспортови на лизгање, претставени од меѓународната лизгачка организација).[4] Од своја страна, овие спортови можат да се поделат во различни дисциплини, за кои всушност се доделуваат медали.[2] За еден спорт да биде вклучен во официјалната олимписка програма, тој треба широко да се применува во светот и да биде управуван од соодветна спортска федерација.
Претходните изданија на Олимписките игри вклучувале спортови кои повеќе не се дел од официјалната олимписка програма, како поло и влечење јаже.[5] Овие спортови биле подоцна отстранети или поради недостаток на интерес или поради непостоење на соодветно раководно тело.[2]Стреличарство и тенис се пример на спортови кои биле практикувани на раните игри и биле отстранети од МОК, но подоцна повторно успеале да се вратат на програмата (во 1972 и 1988 редоследно). Показните спортови често биле вклучени на Олимписките игри, обично за промоција на локален спорт од страна на градот домаќин или за да се измери интерсот и поддршката за спортот.[6] Некои такви спортови, како бејзбол и карлинг, биле додадени во официјалната олимписка програма (во 1992 и 1998 редоследно). Сепак, бејзболот бил отстранет од програмата по Летните олимписки игри 2008.
Терминот "спорт" во олимписката терминологија се однесува на сите дисциплини кои се управувани од страна на една меѓународна спортска федерација, дефиниција која се разликува од вообичаеното значење на зборот спорт. Еден спорт, по олимписката дефиниција, може да биде поделен на повеќе спортови, кои се сметаат за различни спортови во заедничкиот јазик.
Дисциплина, по дефинија на МОК, е натпреварување кое води кон доделување на медали. Според тоа, водените спортови вклучуваат 46 олимписки дисциплини, од кои 32 се во пливањето, осум во скокови во вода, и по две во синхронизираното пливање, ватерполото и далечинското пливање.
Списокот на олимписки спортови значително се променил во текот на историјата на Олимписките игри, и постепено се зголемил до почетокот на раните 2000-тите години, кога МОК одлучил да го ограничи бројот на спортови на 28 на Летните олимписки игри.
Единствени спортови кои никогаш не биле исклучени од програмата се: скијање (единствено нордиско скијање), лизгање (уметничко лизгање и брзо лизгање) и хокеј на мраз. Уметничкото лизгање и хокејот на мраз биле вклучени на Летните олимписки игри пред да се воведат Зимските олимписки игри во 1924 година.
Во поголемиот дел од 20. век, показни спортови биле вклучени во многу изданија на Олимписките игри, обично за промоција на локален спорт од страна на градот домаќин или за да се измери интерсот и поддршката за спортот.[6] Натпреварите и церемониите во овие спортови биле исти како со официјалните олимписки спортови, но доделените медали не се броеле во официјалниот извештај. Некои показни спортови, како бејзболот и карлинот, биле подоцна додадени на официјалната олимписка програма. Ова се променило кога Меѓународниот олимписки комитет во 1989 година одлучил да ги отстрани показните спортови од игрите по 1992 година.[7] Исклучок бил направен во 2008 година, кога Пекиншкиот организационен комитет добил дозвола да организира турнир во вушу.[8][9]
За еден спорт да биде вклучен во официјалната олимписка програма, тој треба широко да се применува во светот. Условите за зимските спортови се пониски отколку летните спортови поради тоа што на Зимските олимписки игри учествуваат помалку земји. МОК исто така има пониски услови за вклучување на спортови за жени поради истата причина. Жените сè уште се спречени да учествуваат во некои спортови; но од друга страна, постојат и спортови само за жени како ритмичката гимнастика и синхронизираното пливање.
Претходните изданија на Олимписките игри вклучувале спортови кои повеќе не се дел од официјалната олимписка програма, како поло и влечење јаже.[1] Во раните години на модерните Олимписки игри, организаторите биле во можност да одлучат кои спортови ќе бидат вклучени во програмата, сè додека МОК не ја преземал контролата на програмата во 1924 година. Како резултат на тоа, многу спортови биле дел од програмата за краток временски период пред 1924 година.[2] Овие спортови биле подоцна отстранети или поради недостаток на интерес или поради непостоење на соодветно раководно тело. Некои прекинати спортови, како стреличарство и тенис, биле повторно додадени на олимписката програма (во 1972 и 1988 редоследно). Карлингот, кој бил официјален спорт во 1924 година, а потоа отстранет, бил повторно воведен како олимписки спорт во 1998 година.
Класификација на олимписките спортови по поделба на приходотуреди извор
Летните олимписки спортови се поделени во категории во основа на популарноста, измерена по: телевизиска гледаност (40%), интернет популарност (20%), јавни анкети (15%), побарувања за билети (10%), покриеност на прес (10%), и број на национални федерации (5%). Категоријата го определува уделот кој спортската меѓународна федерација го добива од олимпискиот приход.[10][11]
Моменталните категории се наведени подолу. Категоријата А ги претставува најпопуларните спортови; категоријата E ги претставува спортовите или кои се најмалку популарни, или се нови на Олимписките игри (голф и рагби).
Пред 1924 година, кога првите Зимски олимписки игри биле одржани, спортови одржани на мраз, како уметничко лизгање и хокеј на мраз, се одржувале на Летните олимписки игри.[12] Овие два спортови дебитирале на игрите во 1908 и 1920 редоследно, но биле трајно внесени на програмата на Зимските олимписки игри од првото издание.
За еден спорт да може да биде внесен на официјалната програма на Зимските олимписки игри, тој треба да биде применуван во 25 земји и на три континенти.[2]