Огре (латвиски: Ogre; германски: Oger; литвански: Uogrė) — град во општината Огре на областа Виѕеме во Латвија. Се наоѓа на 36 км источно од Рига, на утоката на реките Даугава и Огре. Во 2023 г. населението броело 22.884 жители.[2]
Градот е сочинет од три дела: Јауногре (со значење „Ново Огре“), Огре (центарот) и Парогре (со значење „Преку [реката] Огре“). Наречен е по реката Огре. За првпат се споменува како село „Огер“ на германски во 1206 г.Во 1861 г. кога е изградена железницата Рига–Даугавпилс тука жителите на Рига почнале да градат летниковци. Во 1862 г. Огре станал лекувалиште. Огре е прогласено за град во 1928 г.
Грбот е донесен во 1938 г. и на него е прикажана реката и боровата шума околу местото.
Во градот има дом на културата, ликовно и музичко училиште. Има три училишта на латвиски и едно на руски во Јауногре.
Во градот има и гробишта на германските војници загинати во двете светски војни и во заробеништво помеѓу 1944 и 1951 г.