Нин

Нин е град во Хрватска во Задарската жупанија. Според пописот од 2001 година Нин броел 4,603 жители.

Нин
Град
Координати: 44°14′N 15°10′E / 44.233° СГШ; 15.167° ИГД / 44.233; 15.167
ДржаваCroatia
ЖупанијаЗадарска жупанија
Управа
 • ГрадоначалникЕмил Чурко (HDZ)
Население (2001)
 • Вкупно1,256
 4,603 (општина)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код23210
Повик. бр.023
Мреж. местоgrad-nin.hr

Географија

Пристаништето во Нин со реплики на бродови пронајдени на влезот од пристаништето

Нин е мал град сместен околу 18 километри северозападно од Задар. Центарот на местото е малиот остров поврзан со копното преку два моста, настанал со влевањето на некогашното устие на реката Јаруга во морето. Од северната страна опкружен е со песок и викенд населбата Ждријац, на јужната и западната страна се наоѓа новиот дел од самиот град.

Историја

Црквата на Светиот Крст

Првата населба во Нин на подрачјето на островот ја развиле илирското племе Либурни во 9 век п.н.е. по немирите предизвикани од панонско - балканските миграции. Временски тоа е крај на бронзеното и почеток на железното време. Уште постари населби се пронајдени на околу 300 метри јужно на подрачјето на кое се наоѓаат денешните плажи.

Со доселувањето на Словените на овие простори кон крајот на 6 и почеткот 7 век, Нин станува нивно главно политичко, културно и верско средиште.

Со губитокот на државната самостојност Нин потпаѓа под унгарската круна.

Население

Град Нин

Број на жители по попис

година на попис200119911981197119611953194819311921191019001890188018691857
бр. на жители4.6036.0554.4255.4135.3215.2634.8743.5963.8002.6982.2231.9801.9281.6471.605
  • напомена:

Настанал од старата општина Задар.

Нин (населено место)

Број на жители по попис

година на попис200119911981197119611953194819311921191019001890188018691857
бр. на жители1.2561.6921.1691.3781.3461.3161.1739441.080646540474527850598

Споменици и знаменитости

  • Споменикот на кралицата Вишеславова
  • Црква св. Крст
  • Црква св. Анселма и Марцеле
  • Црква св. Никола во Затон

Извор

  • ЦД-ром: „Населби и население на РХ од 1857-2001 година“, Издание на Државниот завода за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Види још

Надворешни врски