Никлас Филкруг

Никлас Филкруг (роден на 9 февруари 1993 година, во Хановер) — германски фудбалер, напаѓач на Борусија Дортмунд и на германската репрезентација.

Никлас Филкруг
Лични податоци
Роден на9 февруари 1993(1993-02-09)(31 г.)
Роден воХановер, Германија
ДржаваГерманија Германија
Висина&100000000000001910000001,91 м
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубБорусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Број14
Младинска кариера
2006–2012Вердер Бремен Вердер Бремен
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2011-2014Вердер Бремен II Вердер Бремен II26(10)
2012-2014Вердер Бремен Вердер Бремен23(2)
2013-2014Гројтер Фирт Гројтер Фирт21(6)
2014-2016Нирнберг Нирнберг54(17)
2016-2019Хановер 96 Хановер 9675(21)
2019-2023Вердер Бремен Вердер Бремен90(45)
2023-Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд28(11)
Репрезентација
2010Германија Германија 181(0)
2011-2012Германија Германија 197(5)
2012-2014Германија Германија 209(3)
2022-Германија Германија15(11)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014

Технички карактеристики

Филкруг е многу разновиден напаѓач: иако неговата природна улога е прв напаѓач, тој во кариерата играл и како десно и како лево крило. Опремен е со моќна фигура и вешт во играта во воздухот, а знае како да биде опасен во противничкиот шеснаесеттник, бидејќи многу вешто знае да ги користи нафрлувањата од соиграчите.[1]

Клупска кариера

Почетоци, Вердер Бремен и сезоната на заем во Гројтер Фирт

Роден во Хановер, Филкруг ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на ТУС Риклинген во областа Риклинген,[2] каде што поминал осум години и бил трениран од неговиот татко.[3] Како суперталентирано момче за време на неговиот престој таму тој постигнувал во просек по 160 гола по сезона.[3]

Филкруг на тренинг со Вердер Бремен во 2012

Во летото 2006 година, на 14-годишна возраст, Филкруг се приклучил на Вердер Бремен, притоа одбивајќи понуди од пет други клубови од Бундеслигата како и од Хановер 96.[3] Откако напредувал низ младинскиот систем на Вердер Бремен, Филкруг ја започнал својата сениорска кариера со вториот тим на Вердер. Дебитирал за Вердер Бремен II на почетокот на сезоната 2011-2012, во поразот со 2-1 од Веен Висбаден во третата лига. На 15 октомври 2011 година, во победата со 3-2 на гостувањето кај Бабелсберг, Филкруг постигнал два гола за својата екипа помагајќи им на резервите на Вердер да дојдат до победата после два гола негатива. Сезоната 2011-2012 ја завршил со 22 настапи и 5 гола за вториот тим на Вердер во третата лига. Иако во првиот дел од сезоната играл редовно, во вториот дел неговите настапи се намалиле затоа што тој многу често бил повикуван во првиот тим на зелените.

Своето деби за првиот тим на Вердер го направил на 28 јануари 2012 во ремито 1-1 на домашен терен против Бајер Леверкузен, влегувајќи од клупата за резерви во средината на второто полувреме на местото на Мехмет Екиџи. Својот прв гол во дресот на Вердер го постигнал на 24 март 2012, против Аугсбург на Везер во натпревар што завршил 1-1. Воедно тоа бил и неговиот прв старт во почетната постава за Вердер, и останал единствен до крајот на сезоната бидејќи сите останати 10 настапи му биле влегувајќи од клупата за резерви. Во следната сезона 2012-2013, Филкруг одиграл 12 натпревари за Вердер во Првата Бундеслига и постигнал еден гол во победата со 4-0 против Борусија Менхенгладбах. Исто така, тој погодил и во натпреварот од првата рунда на Купот на Германија, во кој Вердер изненадувачки бил елиминиран од нисколигашот Минстер со 4-2.

На 24 август 2013 година, тој се приклучил на Гројтер Фирт на едногодишен договор за заем.[4][5] На 2 ноември 2013 година, тој постигнал четири гола, вклучувајќи и 12-минутен хет-трик за неговиот нов клуб за време на спектакуларната победа од 6–2 на гости кај Ерзгебирге Ауе.[6] Постигнувајќи шест гола во 18 настапи, тој ги скинал лигаментите на десниот зглоб во победата со 2-0 против Бохум што ги проретчило неговите настапи до крајот на сезоната.[7]

Нирнберг

Во 2014 година, Филкруг му се приклучил на Нирнберг на „долгорочен“ договор,[8] во траење од три години.[9] Вердер Бремен обезбедил опција во меѓувреме да го врати Филкруг за договорена сума.[9]

Своето деби за Нирнберг го направил на 3 август 2014, во победата на домашен терен со 1-0 над Ерзгебирге Ауе во Втората Бундеслига. Играјќи во нешто поразлична улога од неговата примарна, најчесто како лево крило, на првиот гол во дресот на новиот клуб Филкруг чекал речиси до средината на сезоната кога ја затресол мрежата на Зандхаусен. На 14 декември 2014, тој постигнал два гола во гостинската победа со 2-1 над Аален. На почетокот на март 2015, поради тешката повреда во вид на оштетување на 'рскавицата на коленото, тој го пропуштил остатокот од сезоната.

По не толку добрата прва сезона со Нирнберг, во следната Филкруг постигнал 14 голови во 30 настапи во Втората Буднеслига, завршувајќи ја сезоната како најдобар стрелец на својот тим и четврти најдобар во првенството. На 23 април 2016, тој постигнал хет-трик во победата на домашен терен со 6-2 над Унион Берлин.[10] Головите на Филкруг му помагаат на Нирнберг да заврши високо на табелата на третото место, но откако директната промоција била испуштена за само два бода, тие морале да се соочат со 16-то пласираниот тим од Првата Бундеслига, Ајнтрахт Франкфурт. Ајнтрахт го добил тој двомеч со 2-1 и останал во Првата Бундеслига, а Нирнберг не успеал да избори промоција.

Хановер

Во јули 2016 година, Филкруг се вратил во својот роден град потпишувајќи четиригодишен договор со Хановер 96. Сумата на трансферот изнесувала 2 милиони евра плус 1 милион можни бонуси.[11][12]

Во првата сезона во клубот тој придонел за промоцијата на клубот во Првата Бундеслига, постигнувајќи 5 гола во 27 настапи. Следната сезона, тој не успеал да постигне гол во неговите први осум натпревари во Бундеслигата за Хановер 96, но постигнал хет-трик против Мајнц 05 на 13 јануари 2018 година[13][14] по што следела серија на голови што довела до тоа неговото име да се шпекулира во врска со повик во германската репрезентација.[15] Својата втора сезона ја завршил со 14 гола во 34 настапи во првенството, а исто така имал и два гола во исто толку настапи во Купот на Германија.[16]

На 31 август 2018 година, било објавено дека Фулкруг се согласил на продолжување на договорот со клубот до 2022 година.[16] На 30 септември 2018 година, во натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт, тој бил заменет поради повреда на зглобот,[17][18] но за среќа повредата не била сериозна и тој можел да игра на следниот натпревар, победата со 3–1 против Штутгарт со што Хановер се "тргнал" од последното место на првенствената табела.[19][20] Тој, исто така, настапил во ремито 2–2 на гости против Бајер Леверкузен[21] и во поразот со 1-2 на домашен терен од Аугсбург[22] и покрај тоа што страдал од болки во коленото. Тој не играл во поразот на Хановер во второто коло на Купот на Германија на 30 октомври поради проблеми со коленото поврзани со повредата здобиена во 2013 година. Тренерот Андре Брајтенрајтер изјавил дека овој проблем го мачел Филкруг со години и дека болката била толку силна пред куп натпреварот што Филкруг не се чувствувал „безбеден“.[23] По консултација со специјалист[24] Филкруг се вратил на тренинзите на 20 ноември[25] и започнал во четири последователни натпревари.[26][27][28][29]

Откако ги прпопуштил последните два натпревари за календарската 2018 година,[30] било најавено дека повредата на Филкруг е тешка и тој најверојатно ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.[31] Повредата го принудила да оди на операција и било откриено дека се работи за оштетување на 'рскавицата на десното колено, трета повреда од ваков вид во неговата кариера. Тој претходно претрпел оштетување на 'рскавицата во Вердер Бремен (јануари 2013 година, десно колено) и Нирнберг (март 2015 година, лево колено).[32]

Враќање во Вердер Бремен

Во април 2019 година, додека тој се уште се опоравувал од повредата било објавено дека Филкруг ќе се врати во својот поранешен клуб Вердер Бремен за сезоната 2019-2020.[33] На 10 август 2019, Филкруг го одиграл својот прв натпревар за Вердер по повеќе од шест години во победата со 6-1 на гостувањето кај нисколигашот Атлас Делменхорст во првото коло на Купот на Германија; тој се појавил во игра од клупата на местото на Џош Сарџент во 61-вата минута и забележал асистенција за голот на ветеранот Клаудио Писаро само седум минути по влегувањето во игра. Во својот втор настап за Бременските музиканти во Бундеслигата, Филкруг го постигнал својот прв гол по враќањето во клубот во поразот со 3-2 на гостувањето кај Хофенхајм. Во следните два натпревари во лигата кои завршиле со победи на Вердер од 3-2 над Аугсбург и 2-1 над Унион Берлин, Филкруг забележал асистенција и гол и се чинело дека повредата веќе е минато и тој се наоѓа во одлична форма на почетокот на сезоната. Сепак, само неколку дена подоцна напаѓачот го снашла нова несреќа, откако ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото за време на тренинг.[34] Повредата го оддалечила од терените за долго време и првите прогнози биле дека ќе го пропушти остатокот од сезоната после само пет одиграни натпревари за Вердер. Сепак, поради пандемијата на КОВИД-19 сезоната се одолжила и завршила дури на крајот на јуни 2020, па во меѓувреме Филкруг се вратил во акција и постигнал два гола во последните четири натпревари во првенството помагајќи му на својот клуб да го сочува прволигашкиот статус.

На почетокот на сезоната 2020-2021, Филкруг постигнал хет-трик во победата со 3-1 на гостувањето кај Шалке 04.[35] Во уште една сезона во која имал многу проблеми со повреди, тој постигнал 6 гола во 19 настапи и не успеал да му помогне на својот клуб да го избегне испаѓањето од Првата Бундеслига, негово второ откако претходно испаднал и со Хановер во сезоната 2018-2019.

И покрај испаѓањето на Вердер, Филкруг останал во клубот и за сезоната 2021-2022 во Втората Бундеслига, првата сезона на Бременскиот клуб надвор од елитната дивизија после 40 години. Оваа сезона за него била исклучително важна, првенствено затоа што успеал да ги залечи повредите и постепено да влезе во добра форма. После бавниот почеток, во кој не успеал да се запише во листата на стрелците ниту еднаш во првите 10 натпревари, првиот гол го пронашол на 24 октомври 2021, во ремито 2-2 против Зандхаусен. Последователно, формирајќи одлично партнерство во нападот со Марвин Дукш, двајцата - кои самите себеси си го дале прекарот „Грдите птици“[36] - биле главното оружје на Вердер во Втората Бундеслига постигнувајќи заедно вкупно 40 гола (19 Филкруг и 21 Дукш), со кој му помогнале на клубот да го освои второто место и да се врати во Првата Бундеслига после само една сезона отсуство.

Одличната форма од претходната сезона ја пренел и во Бундеслигата, постигнувајќи по гол во првите два натпревари на Вердер за сезоната 2022-2023, против Волфсбург и Штутгарт кои завршиле нерешено со идентичен резултат 2-2. На 3 септември 2022, тој ги постигнал двата гола за својот тим во победата со 2-0 над Бохум. На 1 октомври, тој додал уште два гола во победата со 5-1 на домашен терен над Борусија Менхенгладбах. На 5 ноември, три кола пред паузата во првенството поради Светското првенство 2022, Филкруг го постигнал својот десетти погодок за сезоната во Бундеслигата во победата со 2-1 над Шалке 04. Импресивната форма го препорачала во репрезентацијата на Германија, па така тој се нашол меѓу 26-те играчи кој отпатувале за Катар.[37] Сезоната ја завршил како најдобар стрелец во Прва Бундеслига 2022-2023 со 16 постигнати гола, исто колку што имал и Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг.[38]

Борусија Дортмунд

На 31 август 2023, Борусија Дортмунд го купила Филкруг за €13 милиони + €2 милиони бонуси,[39] потпишувајќи три годишен договор со напаѓачот.[40]

Репрезентативна кариера

Помеѓу 2010 и 2014 година, Филкруг ја претставувал Германија на различни младински нивоа, играјќи за германските репрезентации под 18, под 19 и под 20 години.

Во ноември 2022 година, изненадувачки Филкруг бил повикан во сениорската репрезентација на Германија од селекторот Ханси Флик за Светското првенство 2022 во Катар.[41] Своето деби за репрезентацијата го направил на 16 ноември во пријателски натпревар против Оман, влегувајќи како замена на полувремето и постигнувајќи го подоцна единствениот гол во натпреварот.[42] На тој начин, тој станал и најстариот играч во поле кој дебитирал за Германија во последните 20 години, на возраст од 29 години и 280 дена по Мартин Макс кој имал 33 години и 253 дена кога дебитирал за Германија во 2002 година.[43]

Своето деби на Мундијалот во Катар го направил на 23 ноември, влегувајќи од клупата за резерви во последните 10-тина минути од поразот со 1-2 од Јапонија. Четири дена подоцна, повторно појавувајќи се во игра од клупата за резерви, Филкруг го постигнал израмнувачкиот гол во ремито 1-1 против Шпанија. Во последното коло од групната фаза, тој го постигнал вториот свој гол на Мундијалот во победата со 4-2 над Костарика, но германците не успеале да се пласираат понатаму и биле елиминирани уште по групната фаза на второ Светско првенство по ред.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
16-11-2022МускатОман 0 – 1  ГерманијаПријателска1  46'
23-11-2022Ал РајанГерманија 1 – 2  ЈапонијаСП 2022 - Прва фаза-  79'
27-11-2022Ал ХорШпанија 1 – 1  ГерманијаСП 2022 - Прва фаза1  70'
1-12-2022Ал ХорКостарика 2 – 4  ГерманијаСП 2022 - Прва фаза1  55'
25-3-2023МајнцГерманија 2 – 0  ПеруПријателска2  75'
29-3-2023КелнГерманија 2 – 3  БелгијаПријателска1  80'
12-6-2023БременГерманија 3 – 3  УкраинаПријателска1  46'
16-6-2023ВаршаваПолска 1 – 0  ГерманијаПријателска-  68'
20-6-2023ГелзенкирхенГерманија 0 – 2  КолумбијаПријателска-  66'
14-10-2023Ист ХартфордСАД 1 – 3  ГерманијаПријателска1  80'
18-10-2023ФиладелфијаМексико 2 – 2  ГерманијаПријателска1  46'
18-11-2023БерлинГерманија 2 – 3  ТурцијаПријателска1
21-11-2023ВиенаАвстрија 2 – 0  ГерманијаПријателска-  46'
23-3-2024Десен ШарпјеФранција 0 – 2  ГерманијаПријателска-  80'
26-3-2024Франкфурт на МајнаГерманија 2 – 1  ХоландијаПријателска1  73'
ВкупноНастапи15Голови11

Статистика

Клупска статистика

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2011-2012 Вердер Бремен II225---------225
2012-2013РЛС45---------40
Вкупно Вердер Бремен II2610------2610
2011-2012 Вердер Бремен111КГ00------111
2012-2013121КГ11------132
авг. 201300КГ10------11
авг. 2013-2014 Гројтер Фирт21+2[44]6КГ10------246
2014-2015 Нирнберг243КГ10------253
2015-201630+2[45]14КГ21------3415
Вкупно Нирнберг54+21731----5918
2016-2017 Хановер 96275КГ20------295
2017-20183414КГ22------3616
2018-2019142КГ11------153
Вкупно Хановер 96752153----8024
2019-2020 Вердер Бремен8+2[44]4КГ10------114
2020-2021196КГ20------216
2021-20223319КГ10------3419
2022-20232816КГ20------3016
авг. 202320КГ11------31
Вкупно Вердер Бремен113+24792----12449
авг. 2023-2024 Борусија Дортмунд2812КГ10ЛШ123---4115
Вкупно во кариерата323113196123--354122

Репрезентативна статистика

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
 Германија202243
202397
202421
Вкупно1511

Хет-трикови

Наводи

Надворешни врски