Се одликува со разновидна географија и клима, во зависност од надморската висина: топла во ниските предели крај океанот, но студена во планинските краишта, каде претежно живее населението. Оваа ситуација се повторува во правецот север-југ. Други поважни градови се Тумако и Ипијалес.
Во претколумбовско време оваа територија ја населувале бројни индијански племиња, меѓу кои Киљасингите, Ава, Пасто и Тума. Прв европски конквистадор на подрачјето бил Андагоја Пасквал, кој дошол во 1522 г. од тихоокеанскиот брег. Водејќи се според сознанија добиени од Франсиско Писаро, Пасквал приредил експедиција која довела до освојувањето на Перу.
Планинските краишта на департманот први ги истражиле Хуан де Ампудија и Педро де Ањаско во 1535 г. по нарачка на Себастијан де Белалкасар. Следната година, Белалкасар самиот направил обиколка низ овие предели и стасал до Попајан, каде престојувал извесно време пред да тргне за Шпанија.
Департманот е наречен по националниот деец Антонио Нарињо (1765-1824), идеолошки претходник на борбата за независност на Колумбија.