Нестероиден антиинфламаторен лек
Нестероидни антиинфламаторни лекови (скратено НСАИЛ) се класа на лекови кои имаат аналгетско и антипиретско дејство, а во поголеми дози и антиинфламаторно дејство.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b0/200mg_ibuprofen_tablets.jpg/275px-200mg_ibuprofen_tablets.jpg)
Терминот нестероидни се користи за да се разликуваат од стероидите, кои меѓу широкиот спектар на дејства, имаат сличен антиинфламаторен ефект.
Најпознатите лекови од оваа група се: аспирин, ибупрофен и напроксен, кои се достапни без рецепт во повеќето држави.[1]
Медицинска примена
НСАИЛ вообичаено се користат за третман на акутни и хронични состојби пропратени со болка и воспаление.
НСАИЛ воглавно се користат во симптоматски третман на следниве состојби:[2][3][4]
- Остеоартритис[3][5][6]
- Ревматоиден артритис[7]
- Блага до умерена болка поради воспаление и ткивна повреда[3]
- Лумбаго[3][8]
- Инфламаторни артропатии (на пр. анкилозирачки спондилитис, псоријатичен артритис, реактивен артритис)
- Тениски лакт[9]
- Главоболка[3]
- Мигрена[2]
- Акутен напад на гихт[2]
- Дисменореја (менструална болка)[2]
- Метастатска болка во коски[2]
- Постоперативна болка[2]
- Мускулна вкочанетост и болка поради Паркинсонова болест[2]
- Пирексија (треска)[2]
- Илеус[2]
- Ренална колика[2]
- Макуларен едем[10]
- Трауматска повреда[11]
Механизам на дејство
Повеќето НСАИЛ делуваат како неселективни инхибитори на ензимот циклооксигеназа (COX), инхибирајќи ги обата изоензими циклооксигеназа-1 (COX-1) и циклооксигеназа-2 (COX-2).
Несакани ефекти
Широката употреба на НСАИЛ значи дека несаканите ефекти од овие лекови се доста чести. Со употребата на НСАИЛ се зголемува ризикт за гастроинтестинални (ГИ), бубрежни и кардиоваскуларни несакани ефекти.[12]
Гастроинтестинални
Главните несакани ефекти поврзани со употребата на НСАИЛ се однесуваат на директната и индиректната иритација на гастринтестиналниот (ГИ) тракт. НСАИЛ имаат двојно дејство врз ГИ тракт: киселите молекули директно ја иритираат гастричната мукоза, и инхибицијата на COX-1 и COX-2 ги намалува нивоата на заштитни простагландини.[12] Инхибицијата на простагландинската синтеза во ГИ тракт предизвикува зголемена секреција на желудочна киселина, намалена секреција на бикарбонати и намалена секреција на мукус.
Чести гастроинтестинални несакани ефекти вклучуваат:[2]
- Наузеа/повраќање
- Диспепсија
- Гастрична улцерација/крвавење[12][13]
- Дијареа