Море на Кралот Хокон VII

море

Море на Кралот Хокон VII (норвешки: Kong Haakon VII Hav) — предложено име на дел од Јужниот Океан кај брегот на Источниот Антарктик.

Предложениот опфат на Морето на Кралот Хокон VII.
Бреговите на принцезите Марта, Астрид и Рагнхилда.

Географија

Морето сè уште не е признаено од Меѓународната хидрографска организација (МХО)[1], ниту пак највеќето водечки географски организации.

Според потесниот предлог, морето го зафаќа подрачјето меѓу Веделовото Море и предложеното Лазарево Море. Со тоа, морето се протега само долж Брегот на Принцезата Марта, од ’ртот Норвегија (12°18′ ЗГД — најисточната точка на Веделовото Море) — до Фимбулскиот Леден Гребен близу нултиот меридијан (0°0′), предложен како западна граница на Лазаревото Море.

Од норвешко гледиште, кое исто така не го признава Лазаревото Море, Морето на Кралот Хокон VII е сместено долж целиот брег на Земјата на Кралицата Мод помеѓу 20° ЗГД и 45° ИГД, протегајќи се околу 10.090 км од Стенком-Вилсовиот Ледник (19° ЗГД) на Брегот на Прицезата Марта на запад до Шинановиот Ледник (44°38′ ИГД) на источната граница на Брегот на Принцот Олав на исток.[2][3]

Водата на ова море е покриена со мраз речиси преку цела година. На есен се насобира пловечки мраз кој се растура дури на пролет.

Подрачјето е важно живеалиште на Росовата фока (Ommatophoca rossii).[4][5]

Историја

На 27 јануари 1820 г. рускиот истражувач Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен станал првиот кој потврдно ја здогледал Јужната Земја или Тера Аустралис (Антарктикот) пловејќи токму низ ова подрачје близу денешниот Фимбулски Леден Гребен и Брег на Принцезата Марта.[6][7]

Морето е наречено во чест на Хокон VII (вл. 1905-1957) — првиот крал на Норвешка по растурањето на сојузот со Шведска.

Наводи

Надворешни врски

67°00′S 20°00′W / 67.000° ЈГШ; 20.000° ЗГД / -67.000; -20.000