Морепловство

Морепловство[2][3] или поморство[4][5] — дејност поврзана со транспорт на луѓе и носење стоки по морски пат, и зафаќа најмногу место во севкупен преглед. Текот на развојот се одвивал во три периоди:[6]

Галија[1]
  1. период на чамци и бродови на рачно управување (веслање),
  2.  период на бродови со погон на силата на ветрот (едрилици),
  3. период на бродови со механички погон (пареа;  мотори со клипови и турбини, дизел мотор, и јадрен погон).

Историја на морепловството

Почетоците на морепловството се поврзани со праисториско време; дрвен сплав од вкрстени стебла, примитивно поврзани, било првото пловно средство. Во бронзено доба и во рано и доцно железно доба трговијата била толку развиена што се граделе и големи чамци односно бродови. Познато е дека првите бродоградители биле  Египќаните кои со своите бродови пловеле по  Црвеното Море (околу 1700 г. п.н.е.) и сè до Сомалија. Феникијците се сметале за најдобри морнари на тоа време; пловеле по цело Средоземно Море , а во 12. век п.н.е. тие стигнале до  Гибралтар во Атлантски Океан веќе околу 600. година п.н.е. тие пловеле по должината на Западниот брег и околу Африка. Во тоа време грчките бродови развиле трговија со сите крајбрежни средоземни земји, и околу 300 година п.н.е. пловеле по Атлантикот крај брегот на Западна Европа и стигнале до Велика Британија и Балтичките земји.

Наводи