Морено Торичели

италијански фудбалер

Морено Торичели (роден на 23 јануари 1970 година во Ерба) — поранешен италијански фудбалски тренер и играч од одбраната.

Морено Торичели
Лични податоци
Роден на23 јануари 1970(1970-01-23)(54 г.)
Роден воЕрба, Италија
ДржаваИталија Италија
Висина&100000000000001840000001,84 м
Играчки податоци
Позицијаодбрана
Повлекување2005 (35 г.)
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1988-1990 Оџионо49(0)
1990-1992Каратезе Каратезе57(3)
1992-1998Јувентус Јувентус153(2)
1998-2002Фјорентина Фјорентина99(2)
2003-2004Еспањол Еспањол33(0)
2004-2005Арецо Арецо26(2)
Репрезентација
1996-1998Италија Италија10(0)
Раководител на екипите
2009Пистоезе Пистоезе
2009–2010Фиљине Фиљине
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Биографија

За време на неговиот период во Јувентус, од страна на Роберто Баџо бил наречен Џепето, прекар што го придружувал во текот на целата негова кариера.[1][2]

Неговата прва сопруга Барбара, со која се оженил во 1995 година, починала во 2010 година од леукемија. Со неа тој има три деца.[3] Откако останал вдовец, ја напуштил својата тренерска кариера и се пензионирал со своите деца во Лилианс,[4][5] од каде што е неговата втората сопруга.[6]

Од средината на 2010 година, тој повремено работел како колумнист за каналот Јувентус ТВ[7] и за Rai Sport.

Клупска кариера

Почетоци

Играјќи на позицијата бек, својата кариера Торичели ја започнал во екипата Пулчини дела Фолгоре Верано. Скаутиран од луѓе на Комо, тој заминал на проба во овој клуб, но откако не успеал да импресионира се вратил назад во базата. Во екипата на Верано Брианца[8] тој стигнал да игра со првиот тим во првенството 1987-1988. На крајот на сезоната, тој бил продаден во Оџионо, веднаш откако клубот од Ломбардија изборил пласман во лигата Промоционе. Тој останал во дресот на рособлу две години пред да биде продаден на Каратезе, во Серија Д.

Јувентус

На почетокот на 1990-тите години, Торичели работел како столар во фабрика за мебел во Брианца и играл фудбал само како хоби, но благодарение на пријателскиот натпревар одигран во 1992 година, помеѓу неговиот Каратезе и една од најистакнатите екипи во Италија - Јувентус, неговиот живот ќе се промени од корен: во пролетта 1992 година тој им се приклучил на бјанконерите на пробен период, импресионирајќи го позитивно тренерот Џовани Трапатони;[9] следното лето тој бил купен за 50 милиони лири.[10]

Торичели со Јувентус во 1998.

Дебитирал во Серија А на 13 септември 1992 година, во натпреварот на домашен терен против Аталанта, кој завршил со победа на бјанконерите со 4-1. Тој веднаш станал постојан стартер во почетната постава на Јувентус, кои во таа сезона го освоиле Купот на УЕФА совладувајќи ја германската Борусија Дортмунд во финалето. Во истото тоа натпреварување, Торичели го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, во победата со 6-1 во Торино над кипарскиот Анортозис Фамагуста.

Двете најдобри сезони во кариерата на играчот биле 1994-1995 и 1995-1996: во текот на овие две сезони тој ги освоил скудетото, Купот на Италија, Суперкупот на Италија и Лигата на шампионите, а последователно успехот во Европа му овозможил да ги освои и Интерконтиненталниот куп и Суперкупот на Европа. Во меѓувреме, на 10 септември 1995 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата со 4-0 над Пјаченца. Неговиот трет и последен гол за Јувентус, го постигнал во победата со 4-0 на гостувањето кај Ренџерс во Лигата на шампионите.

Во последните две негови сезони во Торино 1996-1997 и 1997-1998, тој сè уште е протагонист, помагајќи му на Јувентус да освои уште две нови национални титули и достигнувајќи до уште две финалиња во Лигата на шампионите.

Вкупно за Јувентус одиграл 230 натпревари и постигнал 3 гола.

Фјорентина и последните години од кариерата

Во летото 1998 година, Торичели - откако во меѓувреме завршил на маргините во екипата на Јувентус - побарал и добил да биде продаден на Фјорентина;[11] една од главните причини за изборот и доаѓањето во Фиренца била можноста повторно да соработува со Трапатони, тренерот кој го открил шест години порано и многу го почитувал како играч.[12] Дебитирал за виола на 12 септември 1998, играјќи од почеток до крај во победата со 2-0 на домашен терен во тосканското дерби против Емполи; својот прв гол за клубот го постигнал на 10 ноември истата година, во победата со 4-0 над Лече во Купот на Италија.

Тој одиграл три сезони во Тоскана, освојувајќи еден трофеј во Купот на Италија 2000-2001, сè до летото 2002 година кога Фјорентина паднала во економски банкрот.

После шест месеци без договор, во јануари 2003 година, Торичели за прв пат ја напуштил татковината и се преселил во Шпанија каде потпишал за екипата на Еспањол.[13] Дебитирал во шпанскиот фудбал на 2 февруари 2003, во натпреварот Еспањол - Реал Мадрид 2-2, во кои играл до 72-рата минута пред да биде заменет од Иван Амаја. За сезона и половина во каталонскиот клуб, тој одиграл вкупно 34 натпревари без постигнат гол.

Во ноември 2004 година, тој се вратил во Италија придружувајќи и се на екипата на Арецо, во Серија Б;[14] истиот месец го направил своето деби за клубот а воедно и за првпат во кариерата заиграл во натпревар во Серија Б, против Катанцаро. Својата авантура со Арецо, ја завршил со 26 настапи и 2 гола, помагајќи му на клубот да опстане во лигата.

Во летото 2006 година, како слободен играч, тој кратко тренирал со играчи без договор[15] пред да објави дека ја завршува својата играчка фудбалска кариера.

Репрезентативна кариера

Во периодот помеѓу 1996 и 1999 година тој добил 21 повик во италијанската репрезентација, остварувајќи 10 настапи. Откако го направил своето деби на 24 јануари 1996 година во пријателски натпревар против Велс (италијанците победиле 3-0), тој бил избран од селекторот Ариго Саки во тимот за Европското првенство 1996 во Англија, каде настапил само на последниот натпревар од групната фаза (Германија - Италија 0-0), после кој Аѕурите биле елиминирани од турнирот. Подоцна бил повикан од селекторот Чезаре Малдини за Светското првенство 1998, на кое сепак не одиграл ниту еден натпревар. Тој останал во репрезентацијата и во првите месеци од управувањето на новиот селектор Дино Ѕоф, забележувајќи го последниот настап на 10 февруари 1999 година во Пиза, во пријателскиот натпревар Италија - Норвешка 0-0.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
24-1-1996ТерниИталија 3 – 0  ВелсПријателска-
29-5-1996КремонаИталија 2 – 2  БелгијаПријателска-
1-6-1996БудимпештаУнгарија 0 – 2  ИталијаПријателска-
19-6-1996МанчестерИталија 0 – 0  ГерманијаЕвро 1996 - Прва фаза-
06-11-1996СараевоБосна и Херцеговина 2 – 1  ИталијаПријателска-
28-1-1998КатанијаИталија 3 – 0  СловачкаПријателска-
10-10-1998УдинеИталија 2 – 0  ШвајцаријаКвал. за Евро 2000-
18-11-1998СалерноИталија 2 – 2  ШпанијаПријателска-
16-12-1998РимИталија 6 – 2  World StarsПријателска-
10-2-1999ПизаИталија 0 – 0  НорвешкаПријателска-
ВкупноНастапи10Голови0

Статистика

Клупска статистика

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
1988-1989 ОџионоЕкел.150---------150
1989-1990Екел.340---------340
Вкупно Оџионо490------490
1990-1991 КаратезеД272---------272
1991-1992Д301---------301
Вкупно Каратезе573------573
1992-1993 ЈувентусА300КИ80КУ101---481
1993-1994А320КИ10КУ80---410
1994-1995А260КИ60КУ90---410
1995-1996А281КИ20ЛШ81СИ10392
1996-1997А170КИ30ЛШ50СУ+ИнтК2+10280
1997-1998А200КИ60ЛШ70СИ00330
Вкупно Јувентус1531260472402303
1998-1999 ФјорентинаА312КИ91КУ20---423
1999-2000А150КИ20ЛШ60---230
2000-2001A240КИ50КУ00---290
2001-2002А290КИ00КУ30СИ00320
Вкупно Фјорентина992161110001263
јан.-јун. 2003 ЕспањолПД180КШ00------180
2003-2004ПД150КШ10------160
Вкупно Еспањол33010----340
2004-2005 АрецоБ261КИ00-----261
Вкупно во кариерата41774315824052210

Репрезентативна статистика

Извор:[16]
Фудбалска репрезентација на Италија
Год.НастГол
199650
199700
199840
199910
Вкупно100

Титули

Клупски

Јувентус

1994-1995, 1996-1997, 1997-1998
1994–1995
1995, 1997
1992-1993
1995-1996
1996
1996

Фјорентина

2000–2001

Наводи

Надворешни врски