Младински сектор на ФК Јувентус

Младински сектор на ФК Јувентус (познат уште како Јувентус Примавера) — претставува младинскиот систем на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус.[1] Младинскиот сектор на клубот е составен од различни тимови поделени по возрасни групи. Повеќето од тимовите тренираат на поранешниот главен полигон на првиот тим, Тренинг центарот на Јувентус, лоциран во селото Виново (14 км југозападно од Торино).[2]

Младинскиот сектор е поделен на 11 екипи: „Примавера“ (под 19 години), „Алиеви“ (под 17), под 16, под 15, „Есордиенти“ (под 13), под 12, „Пулчини“ (под 11), под 10, под 9, под 8 и под 7 години. Во 2018 година, Јувентус го формирал својот резервен тим (под 23 години), кој се натпреварува во сениорскиот првенствен систем.[3]

Примавера (под 19 години)

Јувентус Примавера
ПрекарСтарата дама , Бјанконери (Црно-бели), Зебрите
СтадионТренинг центар на Јувентус
Виново, Италија
Капацитет400
Претседател Џанлука Фереро
Тренер Паоло Монтеро
ЛигаКампионато Примавера 1
2023–24Кампионато Примавера 1, 12-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Примавера е главната екипа во младинскиот сектор на Јувентус и тука играат најталентираните играчи во младинските категории на клубот. Почнувајќи од сезоната 2012-2013, право научество во Примавера тимот имаат сите играчи кои се на возраст од 15 до под 19 години.[4] Секоја сезона, во Примавера тимот шанса за проверка добиваат многу млади играчи од Италија и од странство кој доаѓаат на проби во Јувентус и оттаму ја бараат шансата за настап во првиот тим.

Тимот се натпреварува во Кампионато Примавера 1. Досега тие освоиле четири титули во првенството,[5] три во Примавера Купот на Италија и три Примавера Суперкупа.[6] Тимот, исто така, се натпреварува на Турнирот во Вијареџо, каде доега има 9 рекордни титули, колку што има и Милан.

Во 2007 година, тимот на Јувентус до 19 години завршил како второпласиран во инаугуративното издание на Младинскиот куп на шампиони во Малезија, наменет да биде Светско клупско првенство организирано од Г-14;[7] тимот ја претставувал најдобрата одбрана на турнирот со само два примени гола во шест натпревари.[7] Во Младинската лига на УЕФА 2021-2022, Јувентус бил елиминиран по изведување на пенали од Бенфика во полуфиналето, што е нивниот најдобар пласман досега во натпреварувањето.[8]

Играчи

Моментален состав

Бр.ПозицијаИграч
ГМЈакуб Винарчик
ГМРадослав Железни
ГММатео Фускалдо
ОДАлесандро Басино
ОДБруно Мартинес
ОДАлфонсо Монтеро
ОДРикардо Нобиле
ОДФилипо Пањучо
ОДФедерико Савио
ОДСтефано Турко
ОДХавиер Хил Пуче
ОДЛоренцо Џорџи
СРАдам Буфандар
СРФилипо Гросо
СРФранческо Краписто
Бр.ПозицијаИграч
СРПатрик Мазур
СРАугусто Овусу
СРДиего Рипани
СРГабриеле Финокјаро
СРАндриј Фирман
СРАндреј Флореа
СРМикеле Шиенца
СРЛоренцо Ангеле
НПСилвано Биџи
НПАлесио Вака
НПЏанмарко Ди Бјазе
НПТомазо Манчини
НПВалдес Нгана
НПДиего Пуњо
НПИвано Срдоч

Играчи кои играле за Примавера

Обновено на 1 јуни 2024
Клаудио Маркизио, едно од најпознатите имиња кој излегле од младинскиот сектор на Јувентус, игра за Примавера тимот во 2005

Следува список на играчи кои играле во Примавера тимот на Јувентус и ја претставувале својата земја на репрезентативно ниво.[9] Играчите во болд моментално играат за Јувентус.

  • Франк Кануте
  • Ајуб Дауд
  • Јакуб Хромада
  • Андреас Исаксон
  • Давиде Кјументо
  • Анди Зеќири
  • Кенан Јилдиз
  • Сесар Пелегрин
  • Кристијан Макун
  • Илјос Зејтулаев

Тренери

Тренери на Јувентус Примавера

  • 1980-1984: Франческо Гросо
  • 1984-1985: Лучидио Сентименти
  • 1986-1987: Салваторе Јаколино
  • 1987-1995: Антонело Кукуреду
  • 1998-2003: Џан Пјеро Гасперини
  • 2003-2008: Винченцо Кјаренца
  • 2008-2009: Масимо Мадалони
  • 2009-2010: Лучано Бруни
  • 2010-2011: Џовани Букаро

Паоло Монтеро тренер на Примавера тимот од 2022.

Моментален тренерски штаб

ПозицијаПерсонал
Тренер Паоло Монтеро
Асистент Едоардо Сакини
Тренер на голманите Пјетро Пиполо
Атлетски тренер Иван Теоли
Стефано Ветри

Титули

Примавера тимот на Јувентус во сезоната 1971–1972, кој го освоил второто Примавера скудето

Национални

  • Кампионато Примавера : 4
1962-1963, 1971–1972, 1993–1994, 2005–2006
  • Примавера куп : 4
1994-1995, 2003–2004, 2006–2007, 2012-2013
  • Примавера Суперкуп : 3 (рекорд)
2006, 2007, 2013

Меѓународни

1961, 1994, 2003, 2004, 2005, 2009, 2010, 2012, 2016

Алиеви (под 17 години)

Јувентус Алиеви
ПрекарСтарата дама , Бјанконери (Црно-бели), Зебрите
СтадионТренинг центар на Јувентус
Виново, Италија
Капацитет400
Претседател Џанлука Фереро
Тренер Клаудио Ривалта
ЛигаНационално првенство под 17
2023–24Национално првенство У17:
Регуларна сезона: 2. место
Плејоф: Четвртфинале
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Алиеви тимот го претставува Јувентус во возрасната категорија под 17 години. Хиерархиски тоа е второто највисоко ниво во младинскиот погон на Јувентус, зад Примавера тимот, а се наоѓа пред тимот под 16 години и сите останати што следуваат после него. Се натпреварува во Национално првенство под 17 години.

Досега Алиеви тимот еднаш бил шампион на Италија во нивната возрасна категорија, во сезоната 2005-2006, кога во финалето ја победиле Фјорентина по изведување пенали. Покрај тоа, тимот бил крунисан за победник на меѓународниот турнир Маџони-Риги 5 пати, што е повеќе од кој било друг клуб,[10] и го држи рекордот на настапи во тоа натпреварување со 24.[11]

Моментален состав

Бр.ПозицијаИграч
ГМАлесио Марку
ГМСимоне Кат Беро
ГММатија Росети
ОДРикардо Раду
ОДФилипо Казели
ОДФранческо Верде
ОДНиколо Рицо
ОДСиака Диало
ОДЈакопо Контарини
ОДМануел Димитри
ОДДиего Ѕингоне
СРИдрис Амара Сила
СРЕдоардо Ваљана
Бр.ПозицијаИграч
СРПатрик Мазур
СРЕнцо Кетжен
СРМатео Лонтани
СРФилипо Белино
СРНиколо Милиа
СРЖозуе Грело
СРАнтонио Стефано Мерола
СРФранческо Русо
СРЏеремаја Јамоа
СРАдам Сосна
НПФранческо Леоне
НПМарсел Бибишков
НПКлаудио Џардино

Поврзано

Наводи

Надворешни врски