Мисла

Мисла или мислење — умствен процес што им дозволува на суштествата да создадат свој модел за светот, и така што се справат со него делотворно во согласнот со нивните цели, планови, средства и желби. Замисли блиски до мисла се свест, идеја и вообразба.

Кип на жена мислител
Момент на замисленост (1904 година), дело на сликарот Eugene de Blaas

Процесот на мислење подразбира манипулација на информации, како кога формираме концепти, решаваме проблеми, и донесуваме одлуки. Мислењето е висока когнитивна функција. Анализата на мисловниот процес е дел од когнитивна психологијаОсвен тоа човечкиот карактер се заснова на неговите мисли и сфаќања.

Мислата како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Мисла“ — песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1922 година.[1]
  • „Неколку преполовени мисли“ — песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[2]
  • „Полноќна мисла“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1991 година.[3]
  • „Една мисла мирот ми го зема“ — песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[4]
  • „Златни мисли на црна позадина“ — песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.[5]
  • „Господинот Когито и чистата мисла“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[6]
  • „Господинот Когито и движењето на мислите“ — песна на Збигњев Херберт.[7]
  • „Мислите што ме обземаат на прометните улици“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[8]
  • „Undo“ — песна на македонската поетеса Љубица Шопова од 2020 година.[9]
  • „Ги контролирам мислите“ (словенечки: Kontroliram misli) — песна на словенчката панк-рок група 92.[10]
  • „Валкани мисли“ (англиски: Dirty Mind) — песна од истоимениот албум на американскиот поп-музичар Принс од 1980 година.[11]

Наводи