Миле Кузмановски

македонски пејач

Миле Кузмановски (р. 24 декември 1971 година во Скопје) — македонски пејач.

Миле Кузмановски
Животописни податоци
Роден(а)24 декември 1971
Скопје, Македонија Македонија
ПотеклоМакедонија Македонија
Жанровинародна музика, поп-фолк музика
Занимањапејач
Период на активност1991 - сè уште

Животопис

Има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија, а има направено концерти низ целиот свет. Познат е по баладите Не кани ме и Крал без круна. Има одражано многу солистички концерти, во 2010 година во Универзалната сала одржа концерт заедо со Група Академци. Исто така и во 2012 година со Арија Бенд, специјални гости му беа Виолета Томовска, Новица Василевски и Марјан Коцев, и следниот концерт е во 2014 година. Неговата кариера ја одбележа песната Не кани ме чиј автор на песната е Орце Лазаров од Група Академци.

Дискографија

Кузмановски има издадено 5 албуми со негови авторски песни.

Албуми

  • Не кани ме (2003)
  • Исправи се Македонијо (2009)
  • Најдоброто од Миле (2011)
  • Крал без круна (2013)
  • 30 години музика со Миле (2021)

Спотови

СпотГодинаРежисер
Не кани ме2000
Место не ме држи брате2009Група Биоритам
Крал без круна2012Фабрика Продукција
Огледало2012Фабрика Продукција
Шприцер2013
Огледало2013
Презиме2014Фабрика Продукција
Играј срце2015Фабрика Продукција
Рулет2015Фабрика Продукција
Само љубов лекува2015ИН ТВ
Сон2015Фабрика Продукција
Готово е2015Фабрика Продукција
Генерацијо2015ИН ТВ
Мојот народ заслужува2016Фабрика Продукција
Живили брате2016ИН ТВ
Последен воз2019
Чадор стар2019
Налеј, налеј2023Скендеровски Продукција

Наводи