Мизогинија

Мизогинија или женомразие — омраза или предрасуда кон жени или девојки. Мизогинијата може да се манифестира на повеќе начини, вклучувајќи ја и половата дискриминација, оцрнувањето на жените, насилството врз жените и сексуалната објектификација на жените.[1][2]

Лилит е фигура во еврејската митологија, која се развила најрано во вавилонскиот Талмуд (од 3 до 5 век н.е.). Жена која гледа надолу поради нејзиниот пол и доминација од Адам.

Дефиниции

Според социологот Алан Г. Џонсон, "мизогинија е културен став на омраза кон жените бидејќи се жени." Џонсон вели:

Мизогинија... е централен дел на сексистичките предрасуди и идеологија и како таква е важна основа за угнетување на жените во машко-доминираните општества. Мизогинијата се манифестира на многу различни начини, од шеги на сметка на жените до порнографија до насилство до само-презирот кои жените се научени да го чувствуваат кон своите тела.[3]


Социологот Мајкл Флуд, од Волонгонгскиот Универзитет, мизогинијата ја дефинира како омраза кон жените, и бележи:

Иако најчеста кај мажите, мизогинијата исто така, постои и се практикува од страна на жените во однос на другите жени, па дури и кон самите себе. Мизогинијата функционира како идеологија или верски систем кој ги придружува патријархалните/машко-доминираните општества со илјадници години и продолжува да ги поставува жените во подредени позиции со ограничен пристап до моќ и донесувањето на одлуки. Оттогаш, жените ја интернализирале нивната улога како општествени жртвени јагниња, во 21 век под влијание од мултимедијалната објектификација на жените со својата културно санкционирана само-омраза и фиксации на пластична хирургија, анорексија и булимија.[4]


Според некои, мизогинијата е резултат на Мадона-курва комплексот, кој е неможноста да се видат жените како ништо друго освен "мајки" или "курви"; луѓето со овој комплекс секоја жена ја ставаат во една од овие категории.[5]

Феминистичкиот теоретичар Мерилин Фрај тврди дека мизогинијата на мажите е, во својата основа, фалогоцентрична и хомоеротична, бидејќи ги претпочитаат и сметат за подобри мажите.[6]

Во доцниот 20 век, според теоретичарите од вториот феминистички бран мизогинијата е и причина и резултат на патријархалните општествени структури.[7]

Според социологот Мајкл Флуд: "омразата кон мажите нема системска, трансисторична, институционализирана и законска антипатија како мизогинијата".[8]

Наводи