Менингитис

Менингитисот претставува воспаление на мозочните обвивки. Спрема етиологијата постојаат различни видови на менингитиси и тоа :

  • Епидемичен;
  • Гноен;
  • Туберкулозен;
  • Серозен и др.
Менингитис
Менингите на централниот нервен систам: dura mater, arachnoidea и pia mater.
СпецијалностИнфектологија, неврологија
СимптомиТреска, главоболка, вкочанетост на вратот[1]
КомпликацииГлувост, епилепсија, хидроцефалус, когнитивен дефицит[2][3]
ПричинителиВирусни, бактериски, други[4]
Дијагностички методЛумбална пункција[1]
Диференцијална дијагнозаТумор на мозок, лупус, Лајмска болест, напади, невролептичен злоќуден синдром,[5] неглеријаза[6]
ПревенцијаВакцинација[2]
ЛековиАнтибиотици, антивиротици, стероиди[1][7][8]
Честота8.7 милиони (2015)[9]
Смртни случаи379,000 (2015)[10]

Во 2015 години околу 8.7 милиони луѓе во светот развиле менингитис.[9] Ова резултирало со 379,000 смртни случаи – што претставува намалување од 464,000 смртни случаи во 1990 година.[10][11] Со соодветен третман ризикот од смрт кај бактериски менингитис е помал од 15%.[1] Секоја година во периодот помеѓу декември и јуни во регионот на Потсахарска Африка, познат како менингеален појас, се случуваат епидемии на бактериски менингитис.[12] Помали епидемии се појавуваат и во други краеви во светот.[12] Зборот менингитис доаѓа од старогрчкиот збор μῆνιγξ менинкс, „мембрана“ и медицинската наставка -итис, кој означува „воспаление“.[13][14]

Заеднички симптоми

Постојаат заеднички симптоми за сите видови на менингитиси, но секоја група на менингитис се одликува со посебни симптоми. Заедничката клиничка слика е позната како менингеален синдром. Симптомите под кој тој се јавува се следните:

  • Главоболие

Главоболието претставува редовен симпптом кој го придружува менингеланиот синдром. Главоболието е мошне интензивно и секое напрегање или движење на главата предизвикува засилување на болката. Главоболието е дифузно, но најмногу е сместено на челото и пределот на вратот.

  • Повраќање

Се јавува доста често и независно од внесената храна. Натанува ненадејно и без некој повод. По повраќањето не постои олеснување.

  • Закоченост на вратот
Закочен врат на болен од менингитис

Се јавува како еден од првите симптоми на менингитисот. Се добива со гфлексија на вратот спрема напред при тоа главата не може да се свитка нанапред.

  • Знакот на Керниг

Ако болен кој лежи на грб му се подигнаат нозете и му се стваат под прав агол се јавуваат болки и ограничување во изведувањето на оваа флексија. Знакот на Керниг може да се изведе и на друг начин т.е ако болниот се подигне од лежечка положба во седечка не ќе може да седне под прав агол од деведесет степени со испружени нозе, и ќе настане флексија во колената.

  • Феномен на Бруџински
Феномен на Бруџински

Се разликуваат две проби горен и долен бруџински:

  1. Долен Бруџински

Долниот Бруџински се добива со пасивно свиткување на едната нога во колкот и коленото, при тоа доаѓа во флексија на спротивната нога.

  1. Горен Бруџински

Се добива кога болниот лежи на грбот и пасивно му се флексира главата кон напред, во случај на позитивен симптом доаѓа до флексија на нозете.

  • Фотофобија

Сите заболени од оваа болест покажуваат зголемена осетливост спрема светлина, светлосни дразби.

  • Ликворски наод

Ликворскиот наод е е скоро секогаш изменет.

Видови на менингитиси

Епидемичен менингитис

Етиологија

Клиничка слика

Терапија

Гноен менингитис

Етиологија

Клиничка слика

Терапија

Туберкулозен менингитис

Етиологија

Клиничка слика

Терапија

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори


Менингитис - Фемина
Вирусно менингитиси