Мајкл Џордан

американски кошаркар


Мајкл Џефри Џордан (англиски: Michael Jeffrey Jordan; роден 17 февруари 1963)[1] — поранешен американски НБА-кошаркар, активен стопанственик, и моментален сопственик на НБА-клубот Шарлот Хорнетс. Сметан е за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

Мајкл Џордан


Лични информации
Роден на17 февруари 1963
Роден воБруклин, Њујорк, САД
НационалностСАД САД
Висина1,98 м
Тежина98 кг
Позицијабек, крило
Информации за кариерата
КолеџСеверна Каролина (1981–1984)
Драфт1984 / Рунда: 1 / Пик: 3
Избран од:
Чикаго Чикаго Булс
Проф. кариера1984–2003
Сениорски клубови
Години:Клубови:
1984–1993
1995–1998
2001–2003
Чикаго Чикаго Булс
Чикаго Чикаго Булс
Вашингтон Вашингтон Визардс
Репрезентација
1981—1992САД САД

Мајкл Џордан поминал 15 сезони во НБА лигата со 30,12 бода по натпревар во регуларниот дел од сезоната (најмногу во НБА). Освоил шест НБА првенства со Чикаго Булс, бил 10 пати најдобар стрелец и пет пати избран за најкорисен играч во лигата. Девет пати бил избран во првата одбранбена петорка, а трипати бил најдобар по бројот на украдените топки. Од 1983 рекордни 49 пати се појавил на насловнота страница на списаниет Спортс илустрејтед, а во 1991 бил прогласен за спортист на годината во изборот на ова списание.[2] Во 1999 година е прогласен за „најдобар северноамерикански спортист во XX век“ по изборот на спортскиот канал ЕСПН. Неговиот силен одраз и забивањата од линијата за слободни фрлања му ги донеле прекарите „Воздушниот Џордан“ и „Воздушното височество“.

Животопис

Во февруари 2015 година, Џордан за првпат се нашол на списокот на „Форбс“ на најбогатите луѓе во светот. Имено, тој бил како 1741. најбогат човек на светот во 2014 година, со проценето богатство од над милијарда долари. Неговото богатство произлегува од неколку негови инвестиции: тој е сопственик на кошаркарскиот клуб „Шарлот“, а има договори со „Најк“, „Хенес“, „Геторејд“ итн. Во 2010 година, Џордан купил 80% од акциите на „Шарлот“ за 275 милиони долари.[3]

Професионална кариера

Џордан пред забивање.

Во 1984 година, Џордан бил драфтуван од Чикаго Булс како трет пик во првата рунда на НБА Драфтот 1984.[4] Тој бргу се вклопил во тимот, и се наметнал како ѕвезда во лигата, импресионирајќи ја публиката со своите бодови, и забивања од линијата за слободни фрлања. Со учеството во натпреварот во забивања, Џордан го добил прекарот „Воздушен Џордан“ (англиски: Air Jordan).[5] Тој, исто така, важи за еден од најдобрите одбранбени играчи во кошарката.[6] Во 1991 година, Џордан ја освоил првата шампионска титула во НБА со тимот на „Чикаго“, по што во следните две сезони освоил уште две титули. Потоа, тој привремено ја напуштил кошарката во период од две години, за следните три сезони (1996, 1997, 1998) пак да го освои шампионскиот прстен со Чикаго Булс.

Иако најавил повлекување од кошарката по вторпат во 1998 година,[7][8][9] во септември 2001 се вратил на паркетот повторно на возраст од 38 години овојпат во дресот на Вашингтон Визардс, во кој година претходно бил приклучен како претседател на кошаркарските операции во клубот.[10] Сепак, годините и многуте повреди со кој се соочувал не му дозволиле да остави силен печат и во овој клуб како што го сторил претходно тоа во Чикаго. Во двете сезони поминати во Визардс имал просек од 22,9 и 20 бода по натпревар.[11] Својот последен натпревар во НБА го одиграл на 16 април 2003 против Филаделфија Севентисиксерс, по што се пензионирал.[12]

Според многумина, Мајкл Џордан е најдобриот НБА играч на сите времиња, за што говорат шесте шампионски прстени, неговите пет награди за најкорисен играч на сезоната (MVP), шест награди за најкорисен играч во финалето на НБА, 10 шампионски титули за најдобар стрелец во сезоната, како и 14 настапи во НБА Ол-стар натпреварот.[13][14] Во текот на својата професионална кариера, Џордан остварил просек од 30,12 бода по натпревар.[3] Од 2009 година, тој е член на Куќата на славните во Спрингфилд.[15]

НБА статистика на кариерата

Легенда
  ОНОдиграно натпревари  СН Натпревари како стартер МПН Минути по натпревари
 ПШИ% Процент на шут од игра 3П% Процент на шут за три бода СФ% Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН Скокови по натпревар AсПН Асистенции по натпревар УТПН Украдени топки по натпревар
 БлПН Блокади по натпревар ППН Поени по натпревар Задебелено Најдобро во кариерата
Ја означува сезона во која Џордан ја освоил титулата во НБА
Водач во лигата

Регуларен дел од сезоната

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
1984-1985 Чикаго828238.3.515.173.8456.55.92.4.828.2
1985-1986 Чикаго18725.1.457.167.8403.62.92.11.222.7
1986-1987 Чикаго828240.0.482.182.8575.24.62.91.537.1
1987-1988 Чикаго828240.4.535.132.8415.55.93.21.635.0
1988-1989 Чикаго818140.2.538.276.8508.08.02.9.832.5
1989-1990 Чикаго828239.0.526.376.8486.96.32.8.733.6
1990-1991† Чикаго828237.0.539.312.8516.05.52.71.031.5
1991-1992† Чикаго808038.8.519.270.8326.46.12.3.930.1
1992-1993† Чикаго787839.3.495.352.8376.75.52.8.832.6
1993-1994 Чикаго171739.3.411.500.8016.95.31.8.826.9
1994-1995† Чикаго828237.7.495.427.8346.64.32.2.530.4
1995-1996† Чикаго828237.9.486.374.8335.94.31.7.529.6
1996-1997† Чикаго828238.8.465.238.7845.83.51.7.528.7
2001-2002 Вашингтон605334.9.416.189.7905.75.21.4.422.9
2002-2003 Вашингтон826737.0.445.291.8216.13.81.5.520.0
Кариера1,0721,03938.3.497.327.8356.25.32.3.830.1
Ол Стар131329.4.472.273.7504.74.22.8.520.2

Плејоф

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
1985 Чикаго4442.8.436.125.8285.88.52.81.029.3
1986 Чикаго3345.0.5051.000.8726.35.72.31.343.7
1987 Чикаго3342.7.417.400.8977.04.72.41.136.3
1988 Чикаго101042.7.531.333.8697.17.62.5.834.8
1989 Чикаго171741.8.510.236.7997.07.61.71.829.1
1990 Чикаго161642.1.514.320.8367.26.82.8.936.7
1991† Чикаго171740.5.524.385.8456.48.42.41.431.1
1992† Чикаго222241.8.499.386.8576.25.82.0.734.5
1993† Чикаго191941.2.475.389.8056.76.02.1.935.1
1995 Чикаго101042.0.484.367.8106.54.52.31.431.5
1996† Чикаго181840.7.459.403.8184.94.11.8.330.7
1997† Чикаго191942.3.456.194.8317.94.81.6.931.1
1998† Чикаго212141.5.462.302.8125.13.51.5.632.4
Кариера17917941.8.487.332.8286.45.72.1.833.4

Наводи

Надворешни врски