Марко Верати

италијански фудбалер

Марко Верати (роден на 5 ноември 1992 во Пескара) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Париз Сен Жермен и на италијанската репрезентација.

Марко Верати
Лични податоци
Роден на5 ноември 1992(1992-11-05)(31 г.)
Роден воПескара, Италија
ДржаваИталија Италија
Висина&100000000000001650000001,65 м
ПозицијаСреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубПариз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Број24
Младинска кариера
Пескара Пескара
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2008–2012Пескара Пескара74(2)
2012-Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен159(5)
Репрезентација
2012Италија Италија 2121(1)
2012–Италија Италија23(1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 August 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 5 September 2017

Клупска кариера

Верати е технички надарен плејмејкер со фантастични пасови. Тој се развива во младинскиот тим на Пескара, a неговото деби за првиот тим го има во сезоната 2008-2009 на возраст од 16 години. Во сезоната 2009-10 тој започнува да се појавува редовно во првиот тим на Пескара, и од тогаш тој станува клучен играч во првиот тим.

Тој постигна значајна медиумската експонираност во текот на сезоната 2011-12, кога новиот тренер Зденек Земан решил да го врати поназад и да му даде улога на дефанзивен плејмејкер. Верати веднаш стана клучна фигура на неговиот тим и е еден од најзаслужните (заедно со напаѓачите кој реализираа многу погодоци) што Пескара по пауза од дваесет години се врати во Серија А. Поради својата успешна сезона на новата позиција, Верати е често споредуван со Андреја Пирло, еден од најдобрите дефанзивно поставени плејмејкер и омилениот играч на Марко Верати.

Репрезентативна кариера

Тој го направи своето деби во Италијанската репрезентација до 21-на година на 28 февруари 2012 година, кога бил стартер во пријателски натпревар против Франција. Она 15 август 2012 година, Верати го имал своето деби за сениорската репрезентација на Италија во пријателскиот натпревар против Англија одигран во Берн. Тој подоцна го направил својот прв натпреварувачки настап во квалификациите за Светското првенство во фудбал 2014 (УЕФА), што се појавил како замена за Емануеле Џакерини во резултат од 2:2 против Бугарија на 7 септември.

На 6 февруари 2013 година, Верати го постигнал својат прв меѓународен погодок во пријателскиот натпревар против Холандија, во 91-минута со што го изедначил резултатот на 1-1..[1]

Наводи

Надворешни врски