Марија Хасе

Марија-Викторија Хасе (германски: Maria-Viktoria Hasse; 30 мај 192110 јануари 2014) — германска математичарка, која станала првиот женски професор на Факултетот за математика и наука во ТУ Дрезден.[1] Таа напишала книги за теорија на множествата и теорија на категориите[2] и е позната по едно од имињата на теоремата на Галаи-Хасе-Рој-Витавер, во боењето на графиците.

Образование и кариера

Хасе е родена во Варнеминде. Отишла во гимназијата во Росток и по еден мандат во Рајхската лабуристичка служба од 1939 до 1940 година, студирала математика, физика и филозофија на Росточкиот универзите и универзитетот во Тибинген од 1940 до 1943 година, заработувајќи диплома во 1943 година од Росток. Таа продолжила во Росток како асистент и предавач, докторирала (д-р рер. нат.) во 1949 година и хабилитирала (пост докторски степен) во 1954 година.[2][1]

Нејзината докторска дисертација, Über eine singuläre Intergralgleichung 1. Art with logarithmischer Unstetigkeit [За сингуларната интегрална равенка од 1. степен со логаритамски дисконтинуитет], била надгледувана од Ханс Шуберт;[3] нејзината хабилитациска теза била Über eine Hillsche Differentialgleichung [За Хиловата диференцијална равенка]. Работела како професор по алгебра во ТУ Дрезден од 1954 до нејзиното пензионирање во 1981 година.[4]

Придонеси

Со Лотар Михлер, Хасе ја напишала Theorie der Kategorien (Теоријата на Категориите) [Германска издавачка куќа, 1966].[5] Таа исто така ја напишала Grundbegriffe der Mengenlehre und Logik [Основни концепти на теоријата на множества и логика] (Хари Дојч, 1968).[6]

Во теоријата на боењето на графиците, теоремата на Галаи-Хасе-Рој-Витавер обезбедува двојност помеѓу боите на темињата на графикот и ориентациите на неговите рабови. Се наведува дека минималниот број на потребни бои во боењето е еднаков на бројот на темиња на најдолгата патека, во ориентација избрана да ја минимизира должината на оваа патека. Тоа било наведено во 1958 година во учебникот по теорија на графици од Клод Берг, а независно објавено од Хасе, Тибор Галаи, Б. Рој и Л. Витавер. Публикцијата на Хасе во врска со овој резултат била втора хронолошки, во 1965 година.[7]

Наводи