Марио Манџукиќ

Марио Манџукиќ (хрватски: Mario Mandžukić; р. 21 мај 1986 во Славонски Брод) — поранешен хрватски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач. Тој е поранешен репрезентативец на хрватската репрезентација. Покрај тоа што е познат како плодоносен стрелец, тој е познат и по неговиот извонреден придонес во одбраната и неговата моќ во воздушните двобои.[2][3][4]

Марио Манџукиќ
Лични податоци
Полно имеМарио Манџукиќ[1]
Роден на21 мај 1986(1986-05-21)(38 г.)[1]
Роден воСлавонски Брод, СР Хрватска, СФРЈ
ДржаваХрватска Хрватска
Висина&100000000000001860000001,86 м[1]
Играчки податоци
Позицијанапаѓач
Повлекување3 септември 2021 (35 г.)
Младинска кариера
Марсонија Марсонија
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2004-2005Марсонија Марсонија23(14)
2005-2007НК Загреб НК Загреб51(14)
2007-2010Динамо Загреб Динамо Загреб81(42)
2010-2012Волфсбург Волфсбург56(20)
2012-2014Бајерн Минхен Бајерн Минхен54(33)
2014-2015Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид28(12)
2015-2019Јувентус Јувентус117(30)
2019-2020Ал-Духаил Ал-Духаил5(0)
2021Милан Милан10(0)
Репрезентација
2004-2005Хрватска Хрватска 1910(3)
2007Хрватска Хрватска 201(1)
2005-2007Хрватска Хрватска 219(1)
2007-2018Хрватска Хрватска89(33)
Раководител на екипите
2021–Хрватска Хрватска (асистент)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 19 јануари 2021.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 15 јули 2018

Манџукиќ ја започнал својата кариера во Марсонија од родниот Славонски Брод, од каде што се преселил во два загрепски клуба: најпрво во НК Загреб, а потоа и во Динамо Загреб во 2007 година. Како член на Динамо Загреб бил најдобар стрелец во Прва ХНЛ во сезоната 2008-2009. Благодарение на неговите голгетерски способности, во 2010 година направил трансфер во редовите на Волфсбург. По одличното учество на Евро 2012, на коешто со три погодоци бил на делба на првото место на списокот на стрелците, Манџукиќ потпишал за Бајерн Минхен. Во неговата прва сезона во клубот, тој освоил три трофеи: Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите; притоа, тој станал првиот Хрват кој постигнал погодок во финале на Лигата на шампионите. Во 2014 година, Манџукиќ го напуштил Бајерн Минхен и потпишал за Атлетико Мадрид, а една сезона подоцна преминал во редовите на Јувентус за 19 милиони евра. Тој одиграл четири и пол сезони во клубот од Торино освојувајќи четири титули во Серија А, три Купа и два Суперкупа на Италија. По кратко време во катарскиот Ал-Духаил, во зимскиот трансферен период 2021 година потпишал за Милан.

На репрезентативно ниво, Манџукиќ дебитирал за хрватската репрезентација во ноември 2007 под водство на Славен Билиќ. Оттогаш, забележал повеќе од 80 репрезентативни настапи и учествувал на четири големи натпреварувања: европските првенства во 2012 и 2016, и светските првенства во 2014 и 2018 година, од кој на последното Хрватска отишла далеку сè до финалето во кое и покрај тоа што Манџукиќ постигнал гол загубиле од Франција со 4-2.[5] Тој бил избран за Хрватски фудбалер на годината во 2012 и 2013 година.[6]

Во Хрватска е познат по прекарот Манџо,[7] меѓутоа за време на Европското првенство 2012 година со својте одлични настапи го заработил прекарот Супер Марио по истоимениот херој од видеоиграта.[8]

Животопис

Манџукиќ е роден во Славонски Брод на 21 мај 1986. Тој се преселил со своите родители во Германија во 1992 година, и живееле во градот Дицинген во близина на Штутгарт, бегајќи од Хрватската војна за независност.[9] Семејството се вратило во татковината во 1996 година, кога војната веќе била завршена.[10]

Неговиот татко, Mато, исто така бил фудбалер.

Технички одлики

Суров напаѓач,[11][12] бомбардер,[7][13] цврст,[12] во кариерата бил поставен и како втор напаѓач, крило на двете страни од теренот, а исто така, може да игра и како офанзивен играч од средниот ред[11] па дури по потреба и како централен играч од средниот ред, позиција на која ја започнал својата кариерата[10]. Погоден е за играње на противнапади,[14] меѓутоа сепак Манџукиќ е играч за во шеснаесетникот[12] физички силен,[15][16] моќен,[11] но исто така корисен,[11] со силна глава,[11][15][16] добар во играта во воздух,[7] опремен со добра брзина,[11][15] добар дриблинг[11] и контрола на топката,[11][15] вешт завршен удар,[11] со голем инстинкт за гол[11][15][17] има силен шут со десната нога, одлична отпорност, и неуморен во вршењето на притисок врз противничката одбрана. Во последно време често знае да помогне и на одбраната, нешто што беше една од неговите главни слабости во раниот дел од кариерата. Исто така во областа околу единаесет метри често знае да асистира за својте соиграчи најчесто спуштајќи им топки со глава.

Во споредба со Ален Бокшиќ (кој исто така играл за Јувентус),[11] е класа играч,[11][12][13][18] носи поголема креативност, тактички е поинтелигентен и е незапирлив во шеснаесетникот.[11]

Се смета за еден од најсилните напаѓачи во последниве години.[10][14][15][19]

Клупска кариера

Почетоци, Марсонија, НК Загреб и Динамо Загреб

Манџукиќ ги направил своите први фудбалски чекори во германскиот клуб ТСФ Дицинген. По враќањето во родниот град, тој продолжил да игра фудбал во екипата на Марсонија, поминувајќи ги сите младински категории во периодот 1996-2003, пред да дебитира за првиот тим во сезоната 2004-2005. Својата прва професионална сезона ја завршил со 23 настапи и 14 гола за Марсонија 2. ХНЛ. Во текот на летото на 2005, по наговор на Мирослав Блажевиќ[10][11] тој се преселил во неговиот клуб, НК Загреб и во сезоната 2006-2007 тој го потпишал првиот професионален договор. Дебитирал за клубот на 29 јули 2006 година во победата со 1-3 против Камен Инград, натпревар во кој исто така го постигнал својот прв гол за новиот клуб, воедно прв и во Прва ХНЛ. Истото го повторил во следниот натпревар, постигнувајќи го решавачкиот погодок во победата со 0-1 против Славен Белупо. На 2 декември, тој постигнал гол во поразот со 2-1 во дербито против Динамо Загреб. Својата прва сезона во Првата лига на Хрватска ја завршил со 9 одиграни натпревари и 3 постигнати гола.

Манџукиќ во периодот додека настапувал за Динамо Загреб.

Во сезоната 2007-2008 преминал во редовите на Динамо Загреб за 1,5 милиони €, во обид да го замени во нападот Едуардо.[10][11][15] Дебитирал во "модриот" дрес на 21 јули 2007 во победата со 5-0 на домашен терен против Шибеник, каде што исто така го одбележал својот прв гол за Динамо. На 7 август 2007 дебитирал во Лигата на шампионите, во натпреварот од прелиминарната рунда против Домжале во кој Динамо славел победа со 3-1. На 1 септември, за првпат во кариерата постигнал два гола во еден натпревар, во победата со 1-3 во дербито против својот поранешен клуб НК Загреб. На 4 октомври, го направил своето деби во Купот на УЕФА, во победата со 2-3 на гостувањето кај Ајакс, каде што постигна два гола негови први во европските натпреварувања. Сезоната ја завршил со вкупно 38 натпревари и 14 погодоци.

Следната сезона ја започнал со настап во првото коло од првенството на 3 август во победата со 3-1 на домашен терен над Интер Запрешиќ. На 17 август, во натпреварот Динамо Загреб - Цибалија 6-0, го постигнал својот прв хет-трик во неговата кариера. На 16 јули во натпреварот од првиот круг на квалификациите за Лигата на шампионите против северноирскиот Линфилд постигнал гол во победата со 0-2. Тој исто така бил стрелец и во реваншот во ремито 1-1. На 18 септември, го одиграл својот прв натпревар за сезоната во Купот на УЕФА, во ремито без голови против Спарта Прага. Во неговиот трет настап го постигнал својот прв гол во ова натпреварување, во победата со 3-2 над НЕК. Својата втора сезона во Динамо ја завршил со 46 настапи и 20 гола во сите натпреварувања, а бил и најдобар стрелец во Првата хрватска лига со 16 голови.

И покрај силниот интерес на странските клубови за него, загрепската екипа одлучила да го задржи и да се потпре на него во нападот за трета последователна сезона. Првиот натпревар за сезоната 2009-2010 Манџукиќ и Динамо го имале на 14 јули 2009 во ремито без голови против Пјуник во Лигата на шампиони; во реваншот во Загреб седум дена подоцна, тој го постигнал првиот гол за својот тим во победата со 3-0. Новото првенство на Хрватска го започнал со два постигнати гола во победата со 7-1 над Истра 1961 на домашен терен. На 27 февруари 2010 година тој го постигнал својот втор кариера хет-трик во победата од 6-0 дома против Кроатија Сесвете. Сезоната ја заклучил со 38 натпревари и 17 погодоци.

Волфсбург

На 14 јули 2010, по три сезони во Динамо Загреб, Манџукиќ се преселил во Германија потпишувајќи четиригодишен договор со Волфсбург. Висината на трансферот изнесувала околу 8 милиони евра.[9] Манџукиќ пристигнал во клубот по наредба на тренерот Стив Мекларен, кому се допаднал фактот дека хрватот веќе знаел германски.[9] Своето деби за "волците" го направил на 15 август 2010, во победата на гости против Мунстер со 1-2.[20] Пет дена подоцна дебитирал во Бундеслигата во поразот на Алијанц Арената од Бајерн Минхен со 2-1; на почетокот од второто полувреме тој ја погодил стативата од голот на Бајерн при резултат 1-0 за баварците.[21] Во првиот дел од сезоната најчесто играл како крило или како втор напаѓач зад босанецот Един Џеко во формација 4-2-3-1 и во таа улога не успеал да се пронајде, така што останал без ниту еден постигнат погодок во првиот дел од сезоната. Меѓутоа во зимскиот преоден рок Џеко го напуштил Волфсбург и се преселил во Манчестер Сити, а новиот тренер Пјер Литбарски кој ја презел функција како привремена замена по заминувањето на Стив Мекларен во февруари 2011, продолжил да го користи по страничните позиции. Својот прв погодок во Бундеслигата го постигнал на 12 март 2011 во победата со 1-2 на гостувањето кај Нирнберг во неговиот последен натпревар кој го започнал како крило.[22] Со доаѓањето на Феликс Магат, Манџукиќ бил преместен на неговата природна позиција, што веднаш донело резултат откако тој постигнал 7 гола во последните 6 натпревари од сезоната. Својата прва сезона во Германија во дресот на Волфсбург ја завршил со вкупно 27 натпревари и 8 гола.

Својата втора сезона во клубот ја започнал како напаѓач во тандем со Патрик Хелмес во формација 4-3-1-2. Новата сезона ја отворил со две асистенции во победата со 3-0 на гостувањето кај Келн. Своите први голови (два) ги постигнал во петтото коло од првенството, помагајќи му на својот тим да дојде до победа над Шалке 04 со 2-1 на 11 септември 2011.[23] Во периодот од 1 октомври до 29 октомври постигнал вкупно 5 гола во четири првенствени натпревари по ред против Бајер Леверкузен (3-1), Нирнберг (2) (2-1), Хамбургер (1-1), Херта (2-3). Сезоната ја завршил со 32 првенствени настапи и 12 гола и еден настап во купот. Со своите 12 гола бил најдобар стрелец на клубот за сезоната 2011-2012, но исто толку постигнал и Хелмес.

Бајерн Минхен

Манџукиќ во Бајерн Минхен во 2012.

На 27 јуни 2012 по одличните настапи на Евро 2012,[15][24][25] каде што тој постигнал три гола и бил најдобар стрелец на турнирот заедно со уште 5 играчи, Манџукиќ преминал во Бајерн Минхен за сума од 13 милиони евра,[10] потпишувајќи тригодишен договор за годишна плата од 3,5 милиони €,[24] плус опција за четврта година.[24][26] Првично тој требало да биде втор избор во нападот зад Марио Гомес[25] но по повредата на германецот пред почетокот на сезоната, Манџукиќ избил во почетниот тим на баварците предводени од Јуп Хајнкес.[10]

Своето прво појавување за Бајерн во официјален натпревар Манџукиќ го имал на 12 август, постигнувајќи гол после само шест минути игра против тогашниот Бундес-првак Борусија Дортмунд (2-1), со што му помогнал на неговиот тим да победи и да го освои Суперкупот на Германија. Само осум дена подоцна тој постигнал два гола во победата над Јан Регензбург во Купот на Германија. Својот прв гол во Бундеслигата за Бајерн го постигнал против екипата на Гројтер Фирт во првото коло од првенството, а веќе следното коло додал уште еден во победата со 6-1 против Штутгарт. Манџукиќ продолжил со одличната форма во лигата достигнувајќи до 8 гола во првите 9 натпревари. На 19 февруари тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во својата кариера (не сметајќи ги квалификациските натпревари) во победата со 1-3 на гостувањето против Арсенал во Лондон во првиот натпревар од осминафиналето. На 6 април со Бајерн ја освоил титулата во Бундеслигата (23. титула на баварците) на шест кола пред крајот на првенството.[27] На 25 мај 2013 година за првпат во својата кариера ја освојува и Лигата на шампионите, благодарение на победата со 2-1 против Борусија Дортмунд во финалето, а тој бил стрелец на првиот гол за Бајерн за моменталнен резултат 1-0.[28] На 1 јуни 2013 година тој исто така го освоил и Купот на Германија со својот клуб, комплетирајќи ја тројната круна за сезоната 2012-2013, во која одиграл вкупно 40 натпревари во сите натпреаврувања и постигнал 22 гола.[29]

Својата втора сезона ја започнал со мали проблеми при прилагодувањето на системот на игра на новиот тренер на Бајерн, Пеп Гвардиола.[30][31] На 30 август го одиграл целиот натпревар во Суперкупот на УЕФА во кој Бајерн бил поуспешен од Челси со 7-6 на пенали, освојувајќи уште еден трофеј во својата кариера.[32] До крајот на сезоната освоил уште три други титули со баварската екипа, ФИФА Светското клупско првенство,[33] Бундеслигата[34] и Купот на Германија.[35]

Атлетико Мадрид

Манџукиќ во дресот на Атлетико Мадрид

Не можејќи да најде повеќе простор за игра во нападот на Бајерн по доаѓањето на Роберт Левандовски,[14][36] на 10 јули Манџукиќ се преселил во редовите на шпанскиот клуб Атлетико Мадрид за сума од 22 милиони €, потпишувајќи петгодишен договор[14][37][38] Манџукиќ бил доведен како замена за Диего Коста кој во текот на истиот трансфер-период заминал во Челси.[14]

Својот прв гол за колчонерос го постигнал на 22 август во реванш натпреварот од Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид, и тој се покажал победнички за Атлетико да го освои трофејот.[39] Неговиот гол дошол само по две минути игра, што е најбрзиот гол во историјата на ова натпреварување.[40] Својот прв гол во шпанската лига го постигнал на 30 август 2014 година, во второто коло од сезоната на домашен терен против Еибар во победата со 2-1.[41] На 26 ноември го постигнал својот прв хет-трик во Лигата на шампионите во победата со 4-0 над Олимпијакос. Сезоната ја затворил со 20 гола во 43 натпревари во лигата и куповите, но неговиот последен гол дошол дури на крајот на февруари.[42]

Јувентус

По само една сезона во Шпанија, Манџукиќ го напуштил Атлетико Мадрид и на 22 јуни 2015 бил купен за 19 милиони евра плус бонуси од страна на италијанскиот Јувентус,[43] со кој потпишал четиригодишен договор за годишна плата од 3.5 милиони евра.[44][45] Дебитирал во бело-црниот дрес на 8 август, кога го постигнал и својот прв гол за Јувентус во победата со 2-0 против Лацио во Суперкупот на Италија.[46][47] На 15 септември 2015, постигнал гол во првиот натпревар на својот тим од Лигата на шампионите, во победата на гости со 1-2 над Манчестер Сити.[48] На 21 септември, се здобил со повреда во натпреварот против Џенова, по што морал да остане надвор од терените три недели.[49] Својот прв гол во Серија А го постигнал својот на 25 октомври 2015 во победата со 2-0 над Аталанта.[50] На 8 ноември, го постигнал својот втор првенствен гол за Јувентус во победата со 3-1 на гости кај Емполи.[51] На 25 ноември, во вториот натпревар против Манчестер Сити во групната фаза, го постигнал единствениот гол на натпреварот со кој Јувентус победил со 1-0 и се пласирал во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.[52] На 20 декември, во последниот натпревар на Јуве за 2015, Манџукиќ бил двоен стрелец придонесувајќи обилно за победата со 3-2 на гостувањето кај Карпи.[53] По подолга пауза, на 2 април 2016 го постигнал единствениот гол во натпреварот Јувентус-Емполи 1-0, што бил негов прв за Јувентус во 2016 година.[54] Седум дена подоцна, Манџукиќ го постигнал првиот гол за Јувентус за моментален резултат 1-1 во дербито против Милан на Сан Сиро, а на крајот неговиот тим победил со 1-2.[55] На 24 април го постигнал својот десетти првенствен погодок во победата со 2-1 на гостувањето против Фјорентина. Својата прва сезона во Италија ја завршил,[56] со освојување на Скудетото и Купот на Италија први за него во кариерата.[57]

Манџукиќ во дресот на Јувентус ја слави со соиграчите титулата во Купот на Италија 2016-2017.

За време на неговата втора сезона во клубот го загубил местото во почетната постава од новото рекордно засилување на Јувентус, аргентинецот Гонсало Игуаин. Својот прв погодок за сезоната го постигнал на 26 октомври 2016, во победата со 4-1 на домашен терен над Сампдорија.[58] На 22 ноември го постигнал својот прв гол за сезоната во Лигата на шампионите, третиот за Јувентус во победата со 3-1 на гостувањето против Севиља со која неговиот тим изборил пласман во нокаут фазата.[59] Во вториот дел од сезоната се вратил во почетниот состав на Јувентус играјќи успешно на позицијата лево крило во формацијата 4-2-3-1 на тренерот Масимилијано Алегри, каде импресионирал со својата борбеност и пожртвување како и со способноста за приклучување како втор напаѓач и постигнување на голови.[60] На 21 мај 2017 година Манџукиќ го постигнал првиот гол за Јувентус во победата со 3-0 на домашен терен над Кротоне со која било осигурано скудетото, шесто едноподруго за Јувентус а второ во кариерата за Манџукиќ.[61] Четири дена подоцна, на Манџукиќ му бил продолжен договорот со Јувентус до 2020 година.[62] Тој, исто така, го започнал како стартер финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид постигнувајќи прекрасен погодок во 27-мата минута, со извонреден ножичен удар од 14 метри со кој го лобувал голманот Кејлор Навас,[63] за го израмни резултатот на 1-1; сепак, на крајот Јувентус го загубиле финалето со 4-1.[64] Подоцна, голот на Манџукиќ бил избран за УЕФА Гол на сезоната.[65] Заедно со Кристијано Роналдо и Велибор Васовиќ, Манџукиќ станал само третиот играч кој постигнал гол за две различни екипи во финале на Лигата на шампионите.

На почетокот на сезоната 2017-2018, Манџукиќ го постигнал првиот гол за Јувентус во Серија А 2017-2018, во победата со 3-0 на домашен терен над Каљари во првото коло од сезоната. На 31 октомври, го одиграл својот 100-ти натпревар за Јувентус во ремито 1-1 против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.[66][67] На 11 април 2018, тој постигнал два гола во гостинската победа со 3–1 над Реал Мадрид во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите. Првиот гол бил постигнат по само 76 секунди, со што станал најбрзиот гол кој го примил Реал Мадрид во домашен натпревар од Лигата на шампионите, додека Манџукиќ подоцна станал првиот противнички играч кој постигнал два гола во првото полувреме на натпревар од Лигата на шампионите одигран на Бернабеу.[68] Третата сезона во Јувентус, ја завршил со освојување на својата трета двојна круна со клубот, откако бјанконерите одново биле најдобри во Серија А и Купот на Италија.

Во летото 2018, кога во Јувентус пристигнал Кристијано Роналдо, првично се сметало дека можностите за игра во нападот на бјанконерите за Манџукиќ се затворени и дека е можно тој да го напушти клубот; наместо тоа, токму хрватот бил тој кој најмногу ќе профитира од доаѓањето на португалската ѕвезда.[69] Бидејќи Игуаин бил продаден, тоа му овозможило на Манџукиќ да се врати на својата омилена позиција на теренот во врвот на нападот каде што пронашол простор за играње во континуитет.[70] Тој постигнал голови во победите на Јувентус над некој од најголемите соперници на клубот во Италија, вклучувајќи ги Лацио (2-0), Наполи (3-1), Милан (2-0), Интер (1-0) и Рома (1-0). На 6 октомври, го забележал својот 100-ти настап во Серија А во победата со 2–0 на гостувањето кај Удинезе, асистирајќи притоа за вториот гол што го постигнал Кристијано Роналдо.[71][72] На 24 ноември, Манџукиќ ја носел капитенската лента на Јувентус за првпат во победата со 2–0 на домашен терен против СПАЛ, во која исто така постигнал и погодок.[73] Три дена подоцна, на 27 ноември, тој го постигнал својот прв погодок во Лигата на шампионите за сезоната, во победата со 1–0 на домашен терен над Валенсија.[74] Во вториот дел од сезоната, поради честите проблеми со повреди паднал во формата и постигнал само еден гол до крајот на сезоната. На 4 април 2019, Манџукиќ го продолжил својот договор со Јувентус до 2021 година.[75] На 20 април, го освоил своето четврто скудето со клубот, откако Јувентус ја победил Фјорентина со 2-1 и станал шампион во Серија А на пет кола пред крајот.

Пред почетокот на сезоната 2019-2020, со промената на тренерската клупа во Јувентус каде Алегри му го отстапил местото на Маурицио Сари, и враќањето во Торино на Игуаин, Манџукиќ наишол на несогласувања со фудбалската филозофија на новиот тренер и одеднаш го загубил местото во почетниот тим,[76] лизгајќи се до маргините во клубот,[77][78] па дури бил и изоставен од списокот на играчи пријавени за Лигата на шампионите.[79] Не играјќи ниту еднаш под раководството на Сари, тој го соблекол дресот на Јувентус во зимата 2019 година, по четири и пол години поминати во клубот, со 162 настапи, 44 погодоци и 9 освоени трофеи.

Ал Духаил и Милан

На 24 декември 2019, тој склучил договор со катарскиот од Ал-Духаил, приклучувајќи му се на клубот како слободен играч од 1 јануари 2020 година.[80] Дебитирал за екипата од Доха на 5 јануари, во натпреварот од катарското првенство против Катар СК (0-0);[81] пет дена подоцна го постигнал својот прв гол во новиот дрес, во натпреварот од Купот на ѕвездите на Катар што завршил со победа од 2-0 на Ал-Духаил над Ал-Саилија.[82]

Репрезентативна кариера

Почетоци во репрезентатацијата

Манџукиќ бил стандарден член на младинските хрватски фудбалски репрезентации (до 19, до 20, и до 21 година), а своето деби за сениорската репрезентација го направил на 21 ноември 2007 во квалификациски натпревар против Македонија. Првиот погодок за хрватската репрезентација го постигнал на 10 септември 2008, во 77-мата минута од натпреварот против Англија (1-4), во квалификацииите за Светското првенство 2010.[83]

Евро 2012

Во квалификациската група за Евро, Манџукиќ постигнал два гола за својата репрезентација, и тоа изедначувачкиот против Грузија на Пољуд, и последниот гол на хрватската репрезенѕација во групата, на Кантрида против Латвија. Во баржот, противник на Хрватска и била турската репрезентација. Хрватска го добила првиот натпревар во Истанбул со убедливи 0-3, а Манџукиќ бил стрелец на вториот погодок.[84]

Во завршницата на првенството, Хрватска се нашла во група со Шпанија, Италија и Република Ирска, а Манџукиќ бил најавен како главен напаѓач по повредата на Ивица Олиќ.[85] Во првиот натпревар против Ирците, Манџукиќ постигнал два гола, двата со глава, и така станал првиот Хрват кој постигнал два гола на еден натпревар на едно големо натпреварување уште од Давор Шукер на Евро 1996.[86] Хрватска на крајот победила со 3-1.[86] Во вториот натпревар, Манџукиќ повторно бил стрелец израмнувајќи на 1-1 во 72-рата минута од натпреварот против Италија, што на крајот бил и конечен резултат на тој натпревар. Со тие три гола Манџукиќ бил најдобар стрелец на првенството заедно со Фернандо Торес, Марио Балотели, Марио Гомес, Алан Ѕагоев и Кристијано Роналдо, но неговата репрезентација не успеала да се пласира во четвртфиналето.

Светско првенство 2014

Во квалификациите за Светското првенство 2014 постигнал многу важен гол во победата над Србија со 2-0. Во баражот против Исланд бил стрелец на првиот гол во реваншот во 27-мата минута, меѓутоа само десет минути подоцна бил исклучен добивајќи директен црвен картон; сепак тоа не се одразило на неговата репрезентација која го добива тој натпревар со 2-0 и обезбедува пласман на Светското првенство 2014.

Манџукиќ го пропуштил првиот натпревар против домаќинот на турнирот Бразил. Во вториот натпревар постигнал два гола во победата над Камерун со 4-0.[87]

Евро 2016

Манџукиќ постигнал само еден гол за Хрватска во нивната успешна квалификациска кампања за пласман на Европското првенство 2016, отворајќи го резултатот во ремито 1-1 со Италија во Сплит, на 12 јуни 2015 година.[88] На 4 јуни следната година, тој и Никола Калиниќ постигнале хет-трик во победата со 10-0 над Сан Марино во Риека во подготвителен натпревар во пресрет на турнирот; резултатот исто така бил рекордна победа за Хрватска во историјата на репрезентацијата.[89]

На главниот турнир Манџукиќ одиграл три натпревар започнувајќи како стартер во секој од нив без да постигне ниту еден гол, а Хрватска била елиминирана во осминафиналето од подоцнежниот шампион Португалија.

Светско првенство 2018

Манџукиќ во дресот на хрватската репрезентација против Англија на Светското првенство 2018.

Во вториот квалификациски натпревар на Хрватска за Светското првенство 2018 против Косово на 6 октомври 2016 година, Манџукиќ постигнал хет-трик во победата со 6-0 во Албанија.[90] Само три дена подоцна тој го постигнал единствениот погодок во натпреварот против Финска на гости, носејќи и победа на Хрватска од 1-0. Квалификациите ги завршил со 5 гола во 11 настапи (вклучувајќи го и баражот против Грција), помагајќи им на коцкестите да се пласираат на завршницата на Светското првенство во Русија.

На 4 јуни 2018, Манџукиќ бил вклучен во списокот од 23 играчи на селекторот Златко Далиќ за Светското првенство 2018.[91] Своето деби на турнирот го направил во првиот натпревар на Хрватска во групата, против Нигерија во кој одиграл 85-минути во победата на неговата репрезентација со 2-0.[92] Својот прв погодок на првенството го постигнал во осминафиналето против Данска, изедначувајќи го резултатот во 4-тата минута по брзото водство на данците; резултатот не се сменил до крајот на натпреварот како и во продолженија по што пеналите го одлучиле победникот, а во нив Хрватска била подобра со 3-2.[93][94][95][96] Во четвртфиналето против домаќинот Русија на 7 јули, Манџукиќ асистирал за израмнувачкиот погодок на Андреј Крамариќ. Натпреварот завршил нерешено 1-1 по 90 минути игра и отишол во продолженија, по кој повторно било нерешено 2-2, па Хрватска уште еднаш поминала во следната фаза по изведување на пенали, победувајќи со 4-3.[97][98] За време на полуфиналниот натпревар на Хрватска против Англија, на 11 јули, завршен со резултат 1-1 по регуларното време, Манџукиќ го постигнал победничкиот за Хрватска во 109-тата минута од продолженијата, испраќајќи ја својата земја во финалето на Светското првенство за првпат во нејзината историја.[99][100]

Во финалето против Франција, на 15 јули, тој станал првиот играч што постигнал автогол во финале на Светско првенство, закачувајќи ја топката со глава по слободниот удар на Антоан Гризман по што таа завршила во хрватскиот гол за водство на Франција од 1-0; подоцна тој го постигнал вториот гол на Хрватска со тоа што ја искористил грешката на францускиот голман Иго Лорис, но тој гол се покажал како последен на натпреварот и недоволен за Хрватска бидејќи Франција победила со 4-2.[101] Со тој гол кој го постигнал во финалето на муднијалот тој станал само петтиот играч по Ференц Пушкаш, Золтан Чибор, Герд Милер и Зинедин Зидан кој успеал да постигне гол во финале на Лига на шампионите и во финале на Светско првенство.[102] Манџукиќ исто така станал само втор играч во историјата на Светските првенства, кој постигна гол за двете екипи во еден натпревар (првиот е Ерни Брандс од Холандија на Светско првенство 1978 во натпреварот против Италија) и првиот кој тоа го направил во финалето.[102][103]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Хрватска
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
17-11-2007СкопјеМакедонија 2 – 0  ХрватскаКвал. за Евро 2008-  42'
10-09-2008ЗагребХрватска 1 – 4  АнглијаКвал. за СП 20101  73'
11-10-2008ХарковУкраина 0 – 0  ХрватскаКвал. за СП 2010-  84'
15-10-2008ЗагребХрватска 4 – 1  АндораКвал. за СП 2010-  68'
06-06-2009ЗагребХрватска 2 – 2  УкраинаКвал. за СП 2010-  60'
12-08-2009МинскБелорусија 1 – 3  ХрватскаКвал. за СП 2010-  66' 72'
05-09-2009ЗагребХрватска 1 – 0  БелорусијаКвал. за СП 2010-  65'
09-09-2009ЛондонАнглија 5 – 1  ХрватскаКвал. за СП 2010-
08-10-2009РиекаХрватска 3 – 2  КатарПријателска-  46'
14-10-2009АстанаКазахстан 1 – 2  ХрватскаКвал. за СП 2010-  63'
03-03-2010БриселБелгија 0 – 1  ХрватскаПријателска-  65'
19-05-2010КлагенфуртАвстрија 0 – 1  ХрватскаПријателска-
23-05-2010ОсиекХрватска 2 – 0  ВелсПријателска-  90'
11-08-2010БратиславаСловачка 1 – 1  ХрватскаПријателска-  46'
03-09-2010РигаЛатвија 0 – 3  ХрватскаКвал. за Евро 2012-  83'
09-10-2010Тел АвивИзраел 1 – 2  ХрватскаКвал. за Евро 2012-  57'
12-10-2010ЗагребХрватска 2 – 1  НорвешкаПријателска1
17-11-2010ЗагребХрватска 3 – 0  МалтаКвал. за Евро 2012-  78'
03-06-2011СплитХрватска 2 – 1  ГрузијаКвал. за Евро 20121
10-08-2011ДаблинИрска 0 – 0  ХрватскаПријателска-  73'
02-09-2011Та-КалиМалта 1 – 3  ХрватскаКвал. за Евро 2012- 35'
06-09-2011ЗагребХрватска 3 – 1  ИзраелКвал. за Евро 2012-
07-10-2011АтинаГрција 2 – 0  ХрватскаКвал. за Евро 2012-
11-10-2011РиекаХрватска 2 – 0  ЛитванијаКвал. за Евро 20121  84'
11-11-2011ИстанбулТурција 0 – 3  ХрватскаКвал за Евро 2012 (Бараж)1  90'
15-11-2011ЗагребХрватска 0 – 0  ТурцијаКвал за Евро 2012 (Бараж)- 45'  90'
29-02-2012ЗагребХрватска 1 – 3  ШведскаПријателска- 37'  46'
25-05-2012ПулаХрватска 3 – 1  ЕстонијаПријателска-  60'
02-06-2012ОслоНорвешка 1 – 1  ХрватскаПријателска-  63'
10-06-2012ПознањИрска 1 – 3  ХрватскаЕвро 2012 - Прва фаза2
14-06-2012ПознањИталија 1 – 1  ХрватскаЕвро 2012 - Прва фаза1  90+4'
18-06-2012ГдањскХрватска 0 – 1  ШпанијаЕвро 2012 - Прва фаза- 90+2'
15-08-2012СплитХрватска 2 – 4  ШвајцаријаПријателска-  46'
07-09-2012ЗагребХрватска 1 – 0  МакедонијаКвал. за СП 2014-
11-09-2012БриселБелгија 1 – 1  ХрватскаКвал. за СП 2014-  88'
12-10-2012СкопјеМакедонија 1 – 2  ХрватскаКвал. за СП 2014-  72'
16-10-2012ОсиекХрватска 2 – 0  ВелсКвал. за СП 20141
06-02-2013ЛондонХрватска 4 – 0  Јужна КорејаПријателска1  46'
22-03-2013ЗагребХрватска 2 – 0  СрбијаКвал. за СП 20141
26-03-2013СвонзиВелс 1 – 2  ХрватскаКвал. за СП 2014-
07-06-2013ЗагребХрватска 0 – 1  ШкотскаКвал. за СП 2014-  88'
14-08-2013ВадуцЛихтенштајн 2 – 3  ХрватскаПријателска-  46'
06-09-2013БелградСрбија 1 – 1  ХрватскаКвал. за СП 20141
11-10-2013ЗагребХрватска 1 – 2  БелгијаКвал. за СП 2014- 32'
15-10-2013ЕдинбургШкотска 2 – 0  ХрватскаКвал. за СП 2014-  80'
15-11-2013РејкјавикИсланд 0 – 0  ХрватскаКвал. за СП 2014 (Бараж)-
19-11-2013ЗагребХрватска 2 – 0  ИсландКвал. за СП 2014 (Бараж)-  38'
05-03-2014Санкт ГаленШвајцарија 2 – 2  ХрватскаПријателска-  46'
31-05-2014ОсиекХрватска 2 – 1  МалиПријателска-  60'
06-06-2014СалвадорХрватска 1 – 0  АвстралијаПријателска-  59' 64'
18-06-2014МанаусКамерун 0 – 4  ХрватскаСП 2014 - Прва фаза2
23-06-2014РесифеХрватска 1 – 3  МексикоСП 2014 - Прва фаза-
04-09-2014ПулаХрватска 2 – 0  КипарПријателска2  61'
09-09-2014ЗагребХрватска 2 – 0  МалтаКвал. за Евро 2016- 31'  79'
10-10-2014СофијаБугарија 0 – 1  ХрватскаКвал. за Евро 2016-
13-10-2014ОсиекХрватска 6 – 0  АзербејџанКвал. за Евро 2016-
16-11-2014МиланоИталија 1 – 1  ХрватскаКвал. за Евро 2016-
28-03-2015ЗагребХрватска 5 – 1  НорвешкаКвал. за Евро 2016-  88'
07-06-2015ВараждинХрватска 4 – 0  ГибралтарПријателска1  57'
12-06-2015СплитХрватска 1 – 1  ИталијаКвал. за Евро 20161 35'
03-09-2015БакуАзербејџан 0 – 0  ХрватскаКвал. за Евро 2016-
06-09-2015ОслоНорвешка 2 – 0  ХрватскаКвал. за Евро 2016-
17-11-2015РостовРусија 1 – 3  ХрватскаПријателска1 87'
06-03-2016БудимпештаУнгарија 1 – 1  ХрватскаПријателска1
04-06-2016РијекаХрватска 10 – 0  Сан МариноПријателска3  56'
12-06-2016ПаризТурција 0 – 1  ХрватскаЕвро 2016 - Прва фаза-  90+3'дет.
17-06-2016Сент-ЕтјенЧешка 2 – 2  ХрватскаЕвро 2016 - Прва фаза-дет.
25-06-2016ЛенсХрватска 0 – 1  ПортугалијаЕвро 2016 - Осминафинале-  88'дет.
05-09-2016ЗагребХрватска 1 – 1  ТурцијаКвал. за СП 2018-  84'
06-10-2016СкадарКосово 0 – 6  ХрватскаКвал. за СП 20183  59'
09-10-2016ТампереФинска 0 – 1  ХрватскаКвал. за СП 20181  87'
12-11-2016ЗагребХрватска 2 – 0  ИсландКвал. за СП 2018-  90+2'
15-11-2016БелфастСеверна Ирска 0 – 3  ХрватскаПријателска1  72'
24-03-2017ЗагребХрватска 1 – 0  УкраинаКвал. за СП 2018-
11-06-2017РејкјавикИсланд 1 – 0  ХрватскаКвал. за СП 2018-  88'
03-09-2017ЗагребХрватска 1 – 0  КосовоКвал. за СП 2018-
05-09-2017ЕскишехирТурција 1 – 0  ХрватскаКвал. за СП 2018-  62'
06-10-2017РиекаХрватска 1 – 1  ФинскаКвал. за СП 20181  85'
09-10-2017КиевУкраина 0 – 2  ХрватскаКвал. за СП 2018-  90'
12-11-2017АтинаГрција 0 – 0  ХрватскаКвал. за СП 2018 (Бараж)-
24-03-2018МајамиПеру 2 – 0  ХрватскаПријателска-  71'
08-06-2018ОсиекХрватска 2 – 1  СенегалПријателска-  46'
16-06-2018КалининградХрватска 2 – 0  НигеријаСП 2018 - Прва фаза-  86'дет.
21-06-2018Нижни НовгородАргентина 0 – 3  ХрватскаСП 2018 - Прва фаза-  90+3'дет.
01-07-2018Нижни НовгородХрватска 1 – 1 прод.
(3-2 пен.)
 ДанскаСП 2018 - Осминафинале1  108'дет.
07-07-2018СочиРусија 2 – 2 прод.
(3-4 пен.)
 ХрватскаСП 2018 - Четвртфинале-дет.
11-07-2018МоскваХрватска 2 – 1 прод.  АнглијаСП 2018 - Полуфинале1 48'  115'дет.
15-07-2018МоскваФранција 4 – 2  ХрватскаСП 2018 - Финале1дет.
ВкупноНастапи (9. место)89Голови (2. место)33

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 2 јануари 2016.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2004-2005 Марсонија2.ХНЛ2314---------2314
2005-2006 НК Загреб1.ХНЛ283---------283
2006-20071.ХНЛ2311КХ43------2714
авг. 20071.ХНЛ--КХ--Инт20---20
Вкупно НК Загреб51144320--5717
авг. 2007-2008 Динамо Загреб1.ХНЛ2912КХ85ЛШ+КУ5[104]+51[104]+2---4720
2008-20091.ХНЛ2816КХ55ЛШ+КУ5[104]+52[104]+1---4324
2009-20101.ХНЛ2414КХ30ЛШ+ЛЕ3[104]+7[105]2[104]+1[106]---3717
авг. 20101.ХНЛ--КХ--ЛШ1[107]2[107]СХ0012
Вкупно Динамо Загреб8142161031110012863
авг. 2010-2011 ВолфсбургБЛ248КГ30------278
2011-2012БЛ3212КГ10------3312
Вкупно Волфсбург562040----6020
2012-2013 Бајерн МинхенБЛ2415КГ53ЛШ103СГ114022
2013-2014БЛ3018КГ44ЛШ103СГ+СУ+Скп1+1+20+0+14826
Вкупно Бајерн Минхен543397206528848
2014-2015 Атлетико МадридПД2812КШ32ЛШ105СШ214320
2015-2016 ЈувентусА2710КИ30ЛШ52СИ113613
2016-2017А347КИ41ЛШ113СИ105011
2017-2018А325КИ41ЛШ64СИ104310
2018-2019А259КИ00ЛШ81СИ003310
2019-2020А00КИ00ЛШ00СИ0000
Вкупно Јувентус1183111230103116244
Вкупно во кариерата41116647249332104561226

Хет-трикови

Во својата кариера Манџукиќ успевал да постигне најмногу три гола на еден натпревар, т.н. хет-трик, но никогаш не успеал да постигне повеќе од три гола. Вкупно има шест такви натпревари на кој постигнал хет-трик, од кој два се во дресот на Динамо Загреб во хрватското првенство, еден во Купот на Германија како играч на Бајерн Минхен, еден за Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и два за хрватската репрезентација.

3. гола

v Цибалија

v Кроација Сесвете

v Бајерн Минхен

v Олимпијакос

v  Сан Марино

v  Хрватска

Титули

Клупски

Динамо Загреб

2007-2008, 2008-2009, 2009-2010
2007-2008, 2008-2009

Бајерн Минхен

2012-2013, 2013-2014
  • Фудбалски куп на Германија : 2
2012-2013, 2013-2014
  • Суперкуп на Германија : 1
2012
2012-2013
2013
2013

Атлетико Мадрид

  • Суперкуп на Шпанија : 1
2014

Јувентус

2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019
2015-2016, 2016-2017, 2017-2018
2015, 2018

Индивидуални

2008-2009 (16 гола)
2009
  • Најдобар стрелец на Европско првенство: 1
2012 (3 гола, изедначен со Марио Балотели, Марио Гомес, Кристијано Роналдо, Алан Ѕагоев и Фернандо Торес)
2012, 2013
  • Хрватски спортист на годината: 1
2013[108]
  • УЕФА Гол на сезоната: 1
2016-2017

Наводи

Надворешни врски


Статијата „Марио Манџукиќ“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).